ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Бочварски: Капиталниот проект за Штип брана на река Отиња ќе стартува оваа година

Капиталниот проект за Штип брана на река Отиња сепак ќе се реализира. Изградбата на вештачката акумулација над градот Штип ќе стартува оваа година, но со намалени средства имајќи ја предвид пандемијата и кратењето на буџетските средства за капиталните инвестиции во Министерството за транспорт и врски, посочи градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски

April 17, 2020 10:47
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Капиталниот проект за Штип брана на река Отиња сепак ќе се реализира. Изградбата на вештачката акумулација над градот Штип ќе стартува оваа година, но со намалени средства имајќи ја предвид пандемијата и кратењето на буџетските средства за капиталните инвестиции во Министерството за транспорт и врски, посочи градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Министерството за транспорт и врски за изградбата на браната за оваа година имаше издвоено 200 милиони денари.

– Јас немам информации колку средства се скратени во овој момент за изградбата на овој проект. Но, важно е да има една стартна сума на пари којашто ќе можеме да ја започнеме во 2020, еден дел од нив да се потрошат, реализираат. Така што за нас во овој момент многу е важно да го добиеме одобрението за градење, да се распише тендерот, да биде успешен и да ја воведеме во работа фирмата. До крајот на годината сигурно неможат да се реализираат толкава сума на пари, но важно е да започне и да реализираме што е можно повеќе, вели Бочварски.

Тој очекува веќе 2021 година со поголемо темпо да се гради браната на река Отиња, за штипскиот градоначалник важно е да се почне изградбата.

– Ова се нови моменти, нови времиња, коишто не се предвидливи и токму поради тоа неможеме да форсираме некаква брза изградба или голема реализација во текот на оваа година, но важно е да опстоиме на проектот и да сите се согласиме дека тој и во едно вакво време треба да продолжиме да го буткаме и да го реализираме, рече Бочварски.

Во тек е постпката за добивање на градежната дозвола за изградба на брана на река Отиња. Бочварски вели дека забелешките кои ги имале од Министерството за транспорт и врски се отсранети, а деновиве ќе работат на забелешките од ИЗИС.

-Кога ќе бидат завршени и забелешките во однос на барањето на ИЗИС повторно ќе биде аплициран проектот за одобрение за градење во Министерството за транспорт и врски, со што ќе очекуваме одобрение за градење и потоа и распишување на тендерот, јавната набавка, вели Бочварски.

Овој капитален проект, кој штипјани го чекаат со децении  ќе чини околу 7,5 милиони евра, а се очекува изградбата да трае од две до две и пол години. Средствата се обезбедуваат од буџетот на Република Северна Македонија.

Next Post

Во Дом за стари лица во Куманово, една корисничка и две вработени позитивни на Ковид 19

Најново

Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026
Фото: Фејсбук на МВР

МВР: Лажни дојави за бомби во два трговски центри во Скопје

April 19, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски: Според ММФ, Македонија е трета во Европа по преземени мерки против ценовните шокови

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk