Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Од еден шпански поет добив честитка со цртеж на стаорец кој, како што напишал поетот, е симбол на сѐ на што можеме да се надеваме од 2024 година натаму.
Честитката што ја добив утрово, е пратена пред две години. Што, заедно со прославата на државната и национална катастрофа, е доволен доказ дека Шпанецот многу прецизно ја опишал нашата актуелност односно доминацијата на стаорците!
Проблемот не е само во тоа што сме доминирани од пацови (тоа е вистинскиот израз) туку и во тоа што повеќе нема на што да се надеваме: стравувањата од честитката веќе ги остваривме.
Освен, можеби, да чекаме нова честитка од мојот пријател од Сантјаго де Компостела.
Кој знае што ќе нацрта?
Вертикална Глиста со исправен ‘рбет?
Без меко тело.
Со гаранции за идентитетот.
Хахаха!






