Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција апелираше за велигденските празници да се остане дома и да се избегнат празнични собирања.
„Оваа година Велигден го прославуваме на поинаков начин. И јас за да ги заштитам моите најблиски празникот ќе поминам сам, изолиран од семејството. Секој од нас носи огромна одговорност. Празничните собирања мора да изостанат. Тој е единствениот начин за да дадеме придонес во борбата со епидемијата. Да се биде дома значи да се направи разлика и да се спасат човечки животи“, рече Филипче.
Филипче е во домашна изолација откако беше во контакт со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски кој е позитивен на Ковид-19.