ДЕНЕСКА во 13:30 часот, преку онлајн стрим на прес видеосесија КОВИД-19, на тема „Ретроспектива: корона вирус МК“ ќе зборуваат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за здравство, Венко Филипче.
БИТИЌИ: Фирмите погодени од кризата ослободени од плаќање на износот за данок на добивка за март април и мај
MИНИСТЕРОТ за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, министерката за финансии, Нина Ангеловска и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никочле Бабовски, денеска во 12:30 часот, ќе одржат прес-конференција.
„ВЕЛИГДЕНСКОТО празнување годинава ни доаѓа во период кога целиот свет се соочува со една од најголемите закани за човештвото. Затоа мораме да останеме внимателни и дисциплинирани, преземајќи ги сите мерки на претпазливост и почитувајќи ги сите препораки во борбата со КОВИД-19. Токму Христовата победа над смртта нека ни биде инспирација и надеж да истраеме пред предизвикот и да излеземе како победници“, честитка од претседателот Стево Пендаровски по повод христијанскиот празник Велигден.
УЈП: Околу 14 илјади трговци поединци и самостојни вршители на дејност се регистрирани во Управата за јавни приходи, кои се опфатени со мерката за 14.500 денари за плата
АМЕРИКАНСКАТА амбасадорка во Скопје Кејт Бернс упати честитка до верниците по повод Велигденските празници со порака во овие околности со корона вирусот да останат дома и да бидат здрави.
ШИЛЕГОВ: Градежните работи за проширување на булеварот АСНОМ во општина Аеродром се во завршна фаза. Екипите на Град Скопје деновиве вршат финално асфалтирање на проширениот булевар на потегот од крстосницата со булевар Србија до крстосницата со улицата Васко Карангелевски.
ЛЕГЕНДАРНИТЕ „Ролингстонси“ денеска ќе учествуваат на добротворниот концерт насловен „Еден свет- заедно дома“, а друштво ќе им бидат Пол Макартни, Стиви Вондер, Елтон Џон и другите светски рок ѕвезди, соопшти сајтот „Ултимејт Класик Рок“ (Ultimate Classic Rock).