„Владата подеднакво се однесуваше и применуваше соодветни мерки во сите општини. Имаме намалување на тенденцијата на заболени, но тоа не треба да не опушти. Институциите во Куманово имаат посебна одговорност и мора да се воспостави контрола, стриктно почитување на мерките и одлуките што ги носи Владата.
Физичката дистанца е константа во сите држави. Зајакнатите мерки за продолжена забрана за движење за време на празниците ќе даде резултати, но мора и после тоа да се продолжи со истиот начин на однесување за заштита“, истакна премиерот Оливер Спасовски во вториот дел од видеосесијата „Ретроспектива: корона вирус МК“, зборувајќи за локалниот опфат на Ковид-19 конкретно за Куманово.