Покрај „снимателско-камерманските“ способности, дополнителниот заменик – министер за земјоделство, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, покажа дека сака и да лаже. На Твитер заедницата циркулира статус (твит) од разговор меѓу заменик-министерот и најверојатно тутунопроизвотител кој културно го прашува кога ќе има субвенции за тутун, а Трипуновски дрско лаже, одговорајќи : Нема пари, СДСМ ги потроши.
За да биде лагата поголема, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, на прес-конференција соопшти дека заклучно со 24 април, ќе бидат исплатени парите за субвенциите за тутунот за 2019 година.
„Денеска исплаќаме над 30 милиони субвенции за 19.050 тутунопроизводителите за реколтата 2019. Сите тутунопроизводители ќе ги добијат субвенциите на своите сметки, но бидејќи се наоѓаме во вонредна состојба во која сите заеднички да придонесеме за заштитата на здравјето, МЗШВ заедно со МФ, одбрана, внатрешни работи и со платежна агенција подготвивме соодветен модел за налинот на исплатата. Со цел да не се создаваат гужви во банките, кога се очекува пикот на коронавирусот во земјата, за оние што немаат платежни картички ќе се одвиваат од 21 апприл заклучно со 24 април петок. За секој ден е направен распоред на исплатата според азбучен ред на презимињата на тутунопроизводители и на правните лица. Оние тутунопроизводители кои сакаат да подигнат готовина од банкомат ќе можат да го сторат тоа и во понеделник од 16 до 23 часот, за што МВР ќе има список според азбучен ред“, рече министерот Димовски.
Лагата беше побиена на повеќе нивоа, а потврда за начинот на исплата пристигна и од Народна банка.
„Субвенциите за тутун веќе се на банкарските сметки на корисниците. Трансакциите се успешно извршени преку Македонскиот интербанкарски платен систем, којшто денес работеше за средствата да им бидат достапни на сите тутунари коишто се приматели на субвенции. Со самото тоа што средствата се исплатени на сметките, тие постојано ќе им бидат на располагање на корисниците“; соопштија од Народна банка, и ги наведоа условите за подигање на субвенциите.
Соопштение со потврда за исплата на субвенциите за тутунопроизводителите за 2019 година и начинот на кој банките ќе ја организираат исплатата пристигна и од Македонската банкарска асоцијација (МБА).
„Корисниците на платежни картички со средствата можат да располагаат за плаќање во трговија или на банкоматите. Корисниците на субвенции коишто не поседуваат дебитна картичка, ако имаат потреба од подигнување готовина од субвенциите, тоа ќе можат да го извршат на благајните во експозитурите и филијалите на банките во коишто се нивните сметки, во општината во којашто живеат, според распоредот утврден од институциите, по азбучен ред, според почетната буква од презимето за физичките лица, односно почетната буква од називот за правните лица. За распоредот клиентите ќе добијат и СМС порака од својата банка со информации кој ден да го користат доколку им е неопходно да ја посетат Банката. Со цел подобро и поорганизирано процесирање на клиентите, кај дел од банките најавено е и продолжено работно време од вторник до петок (21-24 април) од 8 до 17 часот, во општините каде што живеат повеќе корисници на субвенции“, се вели во соопштението на МБА.
Сите релевантни институции соопштија дека и тутунопрозводителите ќе ги добијат субвенциите во најкус можен рок.
Колку за потсетување, заменик- министерот „тренираше строгост“ и незаконски ги снимаше колегите за да провери дали работат. За оваа постапка реагираа синдикатите и Хелсиншкиот комитет.
Раководителот на подрачната единица во Берово, Гоце Милошевски, кој беше меѓу снимените вработени од дополнителниот заменик министер во ресорот земјоделство од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски во јануари годинава најави и кривична пријава против својот шеф за неовластено снимање на работното место.
И од Министерството за информатичко општество и администрација, го осудија секој обид за мобинг врз јавната администрација.
И.З.