ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

15: Денес излекувани 21 пациент, вкупно позитивни на корона 1225, лажни пораки од МВР, од среда задолжително носење маски…

Настаните во 15,00 часот.

April 20, 2020 14:10
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ЗАДОЛЖИТЕЛНО носење заштитна маска, марама или шал за да се покријат устата и носот, кое од среда ќе биде задолжително во Прилеп, Куманово и Тетово, ќе го контролира полицијата. На почетокот ќе се даваат само опомени, но потоа и казни, јави МИА повикувајќи се на брифинг од Владата.

ВО изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на корона вирус во земјава. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1225.

АНГЕЛОВСКА-Бежоска: Не се очекува пораст на стапката на инфлација. Очекувањата за движењата на цените на примарните производи до крајот на годината се коригирани надолу.

Во ИЗМИНАТИТЕ 24 часа од 7 часот на 19 април до истиот термин утринава, 11 лица го прекршиле полицискиот час на тетовското подрачје, информираат од СВР Тетово. Од 11-те лица тројца се малолетници, а двајца државјани на Република Албанија.

ОПШТИНИТЕ бележат пад на приходите во буџетите од крајот на март е оценката на градоначалниците од источниот регион. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочаврски потврдува дека има осетно намалување на приходите, а особено во ставката на даноците.

ЛАЖНИ покани во име на МВР, за наводна тековна истрага се испратени до одредени граѓани и правни лица од страна на сторител кој лажно се претставува во име на Министерството за внатрешни работи, односно во име на државниот секретар Магдалена Несторовска, информираат од МВР.

 

ПРАЗНИТЕ улици, намаленото движење, но и податоците од полицијата, покажуваат дека Грците се прилагодија и целосно ја почитуваа препораката да останат дома за Велигден и да го сведат на минимум нивното движење.

ЏИН Дајч, американски илустратор, режисер и добитник на Оскар, почина во својот дом во Прага на 95 годишна возраст. Тој има режирано и анимирано повеќе епизоди од „Том и Џери“ и „Попај морнарот“.

СПОРЕД најновите податоци, во светот со новиот корона вирус досега се заразени вкупно 2.419.234 лицa. Од нив починати се 165.777, а оздравеле 633,446 луѓе.

ПОД влијание на влажен воздушен бран денеска времето ќе биде претежно облачно, а од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер и услови за појава на грмежи, соопшти УХМР.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Палестинското Министерство за здравство тврди дека 57 деца во Газа починале од глад

May 13, 2025

Калас: Русија реално не е заинтересирана за мир во Украина

May 13, 2025

Над 60 милиони туристи лани ја посетиле Италија

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk