Годинешниот Октоберфест, најголемиот светски фестивал на пивото е откажан заради пандемијата на коронавирусот, објави денес баварскиот премиер Маркус Соедер и градоначалникот на Минхен Диетер Реитер.
„Ширењето на вирусот на ваков настан би било неизбежно, а тоа не можеме да си дозволиме“
„Тоа на нас ни паѓа навистина тешко и штетата е неверојатна“, рекол Соедер. Тој објасни дека народно славење како Октоберфест „живее од блискоста на посетителите“ и масовната посетеност, така што во таква ситуација не може да се исклучи повторно нагло ширење на коронавирусот.
„Ширењето на вирусот на ваков настан би било неизбежно и тоа не можеме да си го дозволиме“,
„Ова е емоционално тежок момент за градот“
Градоначалникот на Минхе, Диетер Реитер исто така изрази жалење, но и загриженост заради штетата која ќе настане со откажување на најголемата народна веселба во светот, која годишно ја посетуваат околу шест милиони посетители.
„Ова е емоционално тежок момент за мене и економски тежок момент за градот“, рекол Реитер на заедничката конференција за медиумите.
Октоберфест требал да се одржи од 19 септември до 4 октомври
Според податоците од градот, за време на Октоберфест, кој оваа година требал да биде одржан од 19 септември до 4 октомври, во градот влага прилив од 1,2 милијарди евра.
Мерките во борбата против ширењето на коронавирусот, кои германската влада и сојузните покраини ги договориле минатата недела, меѓу другото вклучуваат и забрана за одржување на големи манифестации, кои засега формално важат до крајот на август.
Баварија е една од двете германски покраини кои се најтешко погодени од епидемијата на корона вирусот.