Италија пред крајот на оваа недела ќе ги објави своите планови за постепено олеснување на карантинските мерки воведени за борба против новиот коронавирус. Спроведувањето ќе почне на 4 мај, објави денеска премиерот Џузепе Конте.
Тој повика да се преземат активности врз основа на национален план за „отворање, но земајќи ги предвид локалните специфичности“.
Конте наведе дека олабавувањето на ограничувањата ќе се заснова на внимателно истражување и научни податоци, а не „да се задоволи дел од јавно мислење, барања од одредени сектори на производство, индивидуални компании или специфични региони “.
Италијанскиот премиер истакна дека спроведувањето на овој план носи ризици и „мора да бидеме подготвени да ги ограничиме на минимум“.