ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Филипче: Пикот на епидемијата не е поминат, го очекуваме на крајот на април

Министерот Филипче појасни и дека верува дека овие рестриктивни мерки сега даваат, а ќе даваат резултати и во иднина.

April 21, 2020 15:26
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната онлајн конференција истакна дека уште не сме влезени во периодот на најмногу заразени пациенти со корона вирусот. Останува прогнозата дека врвот на епидемијата се очекува на крајот на месецот април или почетокот на мај.

Тој во одговор на новинарско прашање истакна дека бројот на тестираните пациенти е намален, но тоа било очекувано поради празниците, токму заради тоа има и помалку позитивни.

-Знаевме дека ќе се намали бројот на тестови за време на празниците, тоа беше очекувано, не сакаме да правиме проста математика со тоа што ќе го дуплицираме бројот на позитивни тестови во однос на бројот на вкупно направените тестови денеска, да кажеме споредено со тоа што било претходните денови заради тоа што и во текот на минатата недела имаше една друга варијација, исклучително голем број на дијагностицирани пациенти што епидемиолозите сметаат дека е само варијација. Тогаш причина за поголем број на позитивни беше пристап кон веќе идентификувани лица кои беа во изолација па развија симптоми, исто така сметаме да сега можно е да оваа варијација е резултат на помал број на тестови заради празниците, рече Филипче.

Министерот Филипче појасни и дека верува дека овие рестриктивни мерки сега даваат, а ќе даваат резултати и во иднина. Додаде и дека со новите рестриктивни мерки на движењето, целта е да се ограничат физичките контакти како на бројот на лица така и на бројот на денови со кои што еден потенцијално заболен контактира во еден одреден период.

-Дополнително со овие нови мерки кои што ги предлагаме заради тоа што при анализа на тоа колку пациенти можат да бидат преносители на на болеста на колку луѓе во нивната околина, се земаат во предвид неколку фактори. Прво, бројот на контакти кои што ги имаат во текот на денот и колку денови со тие контакти имаат во континуитет континуиран контакт. За да еден пациент пренесе болест на еден заболен, треба да биде со еден во контакт и тоа како се зголемува бројот на денови, се зголемува и ризикот да тој контакт биде заболен, додаде министерот Филипче.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk