Според најновите податоци, во светот со новиот корона вирус досега се заразени 2.530.919 лица. Од нив починале 175.370, а оздравеле 669.433 луѓе.
– Властите во Сингапур одлучија да ги продолжат мерките за делумна изолација за уште четири недели, откако во овој град-држава во изминатите денови се регистрирани илјадници нови случаи на корона вирусот. Вкупниот број на заразени изнесува 9.125, што е повеќе од која било друга земја во југоисточна Азија.
– Бројот на потврдени случаи на корона вирусот во Турција се зголеми за 4.611, и сега се заразени вкупно 95.591 лица. Вкупниот број на починати е поголем за 119 и сега изнесува 2.259. Во Турција од корона вирусот закрепнале 14.918 лица.
– Ирската Влада планира да забрани масовни собири до август.
– Британските пратеници денеска се согласија за работа на Парламентот во хибриден формат, додека трае карантинот, воведен поради пандемијата на корона вирусот. Само дел од пратениците ќе учествуваат физички на парламентарните седници, а повеќе од сто од нив ќе учествуваат од далечина.
– Националниот координативен штаб на Црна Гора даде согласност да се олеснат одредени времени мерки против ширењето на корона вирусот и граѓаните ќе можат да излегуваат до 23 часот, а продавниците ќе работат подолго.
– Данска, која постепено го укинува ограничувањата воведени поради Ковид-19, нема да дозволи никакви собирања над 500 лица до 1 септември.