Според најновите податоци, во светот со корона вирус досега се заразени 2.760.967 лица. Од нив починати се 193.183, а оздравеле 762.907 луѓе.
– Кризниот штаб на Федерацијата БиХ одлучи во земјата да се укине полицискиот час и задолжителен карантин во изолирани објекти за лица кои пристигнуваат од странство, но тие мерки и понатаму остануваат во сила за Република Српска.
– Светските лидери се приклучија кон Светската здравствена организација (СЗО) за започнување иницијатива за забрзување на работата за развој на лекови, тестови и вакцини против Ковид-19 и подобрување на нивната светска дистрибуција, пренесуваат светските агенции. Само САД не го поддржаа ова.
– Австриските власти, кои ги ублажуваат мерките за карантин, соопштија дека повеќето ученици ќе се вратат во училиштата од 18 мај, а одделенијата ќе бидат поделени во две групи, а наставата ќе се одржува половина седмица, со цел да се обезбеди физичко растојание.
– Шпанија бележи добри вести, според здравствените власти, бидејќи земјата има најмал дневен број на починати во последниот еден месец, стапката на новозаразени со коронавирус се намали на рекордно ниски 1,4 отсто, а првпат се регистрирани повеќе оздравени од новозаразени лица.
– Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени нови 17 заразени случаи со Ковид-19 и двајца починати. Со тоа бројот на заболени во земјата досега достигна 1.188, а на смртни случаи 54, соопшти Националниот оперативен штаб.