ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Познати финалистите на поетскиот фестивал Литературни искри 2020

Поетскиот фестивал во Гостивар, годиншеното седмо по ред издание ќе го одржи онлајн на денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, 24 мај.

April 25, 2020 09:34
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Организаторите на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри 2020“ во Гостивар ги објавија имињата на поетите кои влегоа во финалето и ќе конкурираат за фестивалските награди.

По конкурсот за годинашното седмо по ред, издание на манифестацијата, во конкуренција влегоа 146 автори во категориијата над 18 години и 29 автори во возрасната категорија до 18 години.

– Годинава пристигнатите песни на конкурсот ги оценуваше жири комисија во состав: претседател, Бранко Цветковски (поет, литературен критичар, есеист, преведувач, публицист, издавач) и членовите: Весна Ацевска (поетеса, раскажувач, преведувач) и Габриела Петроска (професорка по македонски јазик, лектор), наведуваат од организацискиот одбор на фестивалот.

Финалисти на „Литературни искри 2020“ се Надица Тренчева (Кавадарци), Милчо Мисоски (Струга), Славица Урумова Марковска (Скопје), Емељ Туна (Скопје), Антим Атанасоски (Битола), Наталија Георгиева Иванова (Бугарија), Ведрана Петрова (Скопје), Иван Клариќ (Хрватска), Миле Лисица (Република Српска), Аида Ораховац (Црна Гора), Каја Панчиќ Миленковиќ (Србија) и Дилјан Димитров (Бугарија).

Овие финалисти конкурираат за наградите: Гран при, Прва, Втора и Трета награда, Награда за најдобар странски автор и Најуспешна млада поетска искра.

Наградите се плакети и комплети со книги.

Претседателот на жири комисијата Бранко Цветковски за избраните финалисти вели:

– Во песните од категоријата над 18 години, се среќаваат остварувања со стилска и јазична уверливост, со инвентини пристапи во ритмичката и семантичката димензија при градбата на поетското писмо, со еридираност достојна за почит, оценува Цветковски.

Жирито наведува дека во оваа категорија има песни во кои е видлива разновидноста како во поглед на темите, мотивите и стилските белези на авторите, така и во однос на квалитетот на доставените творби.

Оценката на Весна Ацевска за творбите во категоријата до 18 години, напоменува дека се тоа песни со јасни пораки и повик за поддршка на хуманите вредности и за промена на погрешните приоритети.

– Има и личноисповедни песни со љубовни чувства или со елегичен тон заради неостварена љубов и разочараност, песни во кои се опеваат мајката, татковината, родниот крај или значајни личности од историјата. Песните се движат во рамките на почетнички поетски обиди, кои се потпираат на дидактичност или користат наративен пристап кон мотивите и темата, потенцира Ацевска.

Годинешното издание на фестивалот ќе се одржи онлајн заради мерките кои се спроведуваат во земјава во насока на спречување на пандемијата.

Организаторите на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ напоменуваат дека поетското читање и соопштување на наградените ќе се одвива на 24 мај (недела) на Фејсбук страницата на фестивалот.

Деновиве се очекува да бидат објавени и имињата на авторите од двете категории кои според оценувањето на жирито ќе бидат застапени во заедничката поетска збирка „Литературни искри 2020”

Поетскиот фестивал се одржува во чест на Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј.

Next Post

Сопругата на претседателот до жртвите на семејно и родово насилство: Постои излез, без разлика на пандемијата (ВИДЕО)

НАЈНОВО

Таткото на Вирц: Флоријан не жали што дојде во Ливерпул – сè оди според планот

November 18, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Биткоин повторно под 90.000 долари – криптопазарот изгуби 1,2 трилиони за шест недели

November 18, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Влезниците за СП 2026 година нема да гарантираат визи за влез во САД

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk