ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Сопругата на претседателот до жртвите на семејно и родово насилство: Постои излез, без разлика на пандемијата (ВИДЕО)

Жртвите на насилство можат да го напуштат домот во периодот на забрането движење и да побараат помош во здравствени установи, како и да го пријават насилство во најблиската полициска станица.

April 25, 2020 09:57
in ДЕНЕС, МОЗАИК, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, како дел од активностите за подигнување на јавната свест за прашањата кои ги погодуваат ранливите групи во време на кризата предизвикана од корона вирусот, сними видео порака со сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска на тема семејно и родово базирано насилство.

Целта, како што се наведува, е да се упати апел за солидарност и поддршка на сите за кои домот во овие моменти не е најбезбедното место и да се охрабрат жртвите да го пријавуваат насилството.

Видео пораката е во соработка со Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика и Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации во Северна Македонија.

Во пораката, како што соопшти Кабинетот на претседателот, Ѓоргиевска посочува дека поради пандемијата поминуваме повеќе време во нашите домови, но, домот не секогаш е најбезбедното место за многумина.

-Организацијата на Обединетите Нации и граѓанските организации алармираат за пораст на ризикот од родово базирано и семејно насилство во услови на оваа пандемија. Жртвите на семејно насилство се соочуваат со исклучителна опасност кога мораат да останат во домовите со насилниците, со ограничен пристап до мрежата на поддршка и заштита, вели Ѓоргиевска. 

Таа посочува дека нашето општество не е исклучок од глобалните трендови и порачува жртвите да знаат дека постои излез, без разлика на пандемијата. 

-Пријавете насилство во полиција, во центрите за социјална работа, на СОС линиите, кај граѓанските организации, матичните лекари. Информирајте ги блиските пријатели или роднините во кои имате доверба. Жртвите на насилство можат да го напуштат домот во периодот на забрането движење за да побараат помош во здравствени установи, најблиската полициска станица или првото службено лице кое ќе го сретнат. Солидарноста, емпатијата и меѓусебната поддршка ни се потребни да ги надминеме овие тешки денови. И не заборавајте, во ова не сте сами, порачува сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска.

Next Post

Реакции од Твитер: Ги удри ли охриѓани по глава несериозноста во угостителството?

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk