ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Град Скопје ги отфрла грубите обвинувања на советничката од ВМРО-ДПМНЕ за изградба на лифтот во ГТЦ

Сакаме да нагласиме дека изградбата на овој објект не е во надлежност на Градот Скопје, односно, Градот Скопје нема никаква поврзаност со реализацијата на овој проект. Поради тоа, грубите навреди и обвинувања што советничката Попова ги изнесе на денешниот прес се беспредметни и немаат никаква основа.

April 27, 2020 17:21
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Град Скопје ги отфрла неоснованите и груби обвинувања кои на денешната прес-конференција ги изнесе Ирена Попова, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје во врска со изградбата на лифтот на влезот во Градскиот трговски центар.

„Сакаме да нагласиме дека изградбата на овој објект не е во надлежност на Градот Скопје, односно, Градот Скопје нема никаква поврзаност со реализацијата на овој проект. Поради тоа, грубите навреди и обвинувања што советничката Попова ги изнесе на денешниот прес се беспредметни и немаат никаква основа. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се ослободи од старата матрица на размислување и не може да ја види и прифати различноста во водењето на градот и неговите капацитети според новите, чесни стандарди според закон и пропис.

Градот Скопје останува на фактот дека ГТЦ е симбол на модерно, постземјотресно Скопје и споменик на развојот на градот. Поради тоа, надлежните институции треба да направат се овој објект да заживее, да привлече посетители и да си го врати статусот што го имаше до пред само неколку години.

Тој процес, Градот Скопје го помага исклучиво со активности што се во негова надлежност – се уредува плочникот на влезот на ГТЦ и градскиот плоштад, кој беше еден од најзапуштените простори во централното градско подрачје. Исто така, во соработка со Градскиот трговски центар и со УНДП, еден дел од покривот на ГТЦ кој беше неискористен минатата есен беше уреден во зелена оаза која ќе придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот во центарот на градот и за намалување на температурата во топлите летни денови, а на посетителите ќе им овозможи да се релаксираат во пријатно опкружување.

Градот Скопје преку вакви проекти кои имаат големи и далекосежни позитивни придобивки вложува во развојот на Скопје. Така ќе биде и во иднина.

Исто така, тврдењето дека се отстрануваат канделабри од плоштадот „Македонија“ за време на полициски час е лажна вест. Фотографијата што е објавена во медиумите е од минатата година од пречекот на Папата Франциск, кога заради организацијата на настанот неколку канделабри беа извадени, за потоа веднаш да бидат вратени на истото место. Советничката Ирена Попова можела тоа да го воочи на плоштадот од местото каде што држела прес и да види дека канделабрите се на местото за кое таа обвинува дека не се таму“, велат од Град Скопје.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Стармер најави состанок во Лондон за „ресетирање“ на односите на Велика Британија со ЕУ

May 16, 2025

Мицкоски вели – стратешкиот договор со ОК ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Украина е подготвена за мир, Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) „Евровизија“: Познати сите 26 финалисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Драган Тилев: Албанија и Црна Гора имаат јасна перспектива за членство во ЕУ, Македонија не напредува во процесот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од сопатник со Албанија, Македонија десетици чекори зад неа на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk