ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Приредувачите на онлајн обложување ќе се поврзат со информацискиот систем на УЈП, во Уредбата се предвидени и глоби

Приредувачите на среќа во казино, обложувалница и автомат клуб кои имаат лиценца, добиена согласно Законот, имаат право интернет игрите на среќа да ги приредуваат преку веб апликација, што може да биде веб страна или веб платформа, или, пак, мобилна апликација.

April 28, 2020 10:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за игри на среќа и забавните игри за време на вонредна состојба. Со уредбата им се овозможува на економските оператори што организираат игри на среќа да ја продолжат својата дејност на интернет.

Приредувачите на среќа во казино, обложувалница и автомат клуб кои имаат лиценца, добиена согласно Законот, имаат право интернет игрите на среќа да ги приредуваат преку веб апликација, што може да биде веб страна или веб платформа, или, пак, мобилна апликација.

Тие ќе мора да имаат информатичка опрема на територијата на земјава, односно хардвер и софтвер преку кои играчите учествуваат во игрите, како и за размена на податоци со серверот на Управата за јавни прихoди. Должни се приредувањето да го вршат користејќи го постојниот надзорен информациски систем НИС кој е поврзан со информацискиот систем на УЈП. Ќе имаат право да ги приредуваат игрите кои се уредени со Правилата одобрени од Министерството за финансии, согласно издадената лиценца.

Во Уредбта се предвидени и значајни глоби.

Глоба во износ од 3.000 до 4.000 евра ќе му се изрече за прекршок на приредувачот ако:

-не му ги стави на располагање на учесникот сите информации,

-не му ги уплати расположливите средства на негова трансакциска сметка во утврдениот рок

-не и овозможи посебен електронски пристап во реално време на УЈП до податоците.

За прекршокот на одговорното лице ќе му се изрече глоба во износ од 500 евра, соти во уредбата.

Со ова, како што велат од Владата, „се создаваат услови да се сочуваат 7.500 работни места во оваа дејност“.

–Со оваа уредба се обезбедува можност за наплата на приходи во Буџетот кои до донесувањето на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот, се генерираа од обложувалниците, автомат клубовите и казината и кои престанаа да се наплатуваат бидејќи на 15 март 2020 година приредувачите на овие услуги ги затворија сите уплатно исплатни места и деловни простории во кои ги приредуваат игрите на среќа, соопштуваат од Влада.

Next Post

Право на минимална помош добиваат и домаќинствата чиј член останал без работа, а не исполнува услови за надомест

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk