Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во Гостивар, се пофали пред граѓаните дека ќе победат на следните парламентарни избори. Но, во врска со изјавата на премиерот Зоран Заев за брзи предвремени избори, не даде прецизен одговор дали ги прифаќа, туку рече дека очекува до утре, за кога е закажана лидерската средба кај Пендаровски, Заев да си го промени ставот за изборите.
“Ние имаме план, имаме визија, стратегија, знаеме како да ја направиме Македонија модерна европска држава во која ќе владее правото. А, знаејќи каков е Зоран Заев, кај него работите се менуваат од час во час, очекувам и да се премисли за предвремените избори, веќе утре. Ајде и да претпоставиме дека овој пат ќе биде конзистентен, да го слушнам неговиот предлог, да видам што подразбира под тоа брзи, предвремени парламентарни избори, па дури потоа да одговорам што очекувам од лидерската средба. Законот е јасен што се подразбира под предвремени избори. Ние предлагаме избори веднаш веќе месеци наназад, не како избори за пуста власт, туку за да направиме нешто што ќе ја определи иднината на оваа државата, како што треба.“, рече Мицкоски.
А. Зеќири