ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковид -19 : Новозаболени 22, шестмина починати

Во текот на изминатото деноноќие потврдени се шест смртни случаи од коронавирус во Македонија, заразени се уште 22 лица, а оздравеле 36, информира Министерството за здравство.

April 28, 2020 13:39
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на изминатото деноноќие потврдени се шест смртни случаи од коронавирус во Македонија, заразени се уште 22 лица, а оздравеле 36, информира Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациент на 58 години, хоспитализиран на клиниката од 19 април и 63 годишен пациент на болничко лекување од 9 април, и двајцата приклучени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, двајца пациенти од Скопје на 75 и 58 годишна возраст и двајцата хоспитализирани на 26 април, и пациентка од Тетово на 51 година, хоспитализирана од 12 април.

Пред два дена почина и пациентка од Скопје на Клиниката за онкологија на 71 година. Нејзиниот позитивен резултат на ковид-19 е стигнат во текот на вчерашниот ден.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 36 оздравени пациенти во: Скопје-19, Куманово-1, Штип-5, Прилеп-4, Тетово-1, Струга-1, Велес-3, Гостивар -2.

Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Струга-1, Велес-3, Кавадарци-2, Гостивар-2 и Неготино-1.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1421, бројката на оздравени пациенти е 589, на починати е 71 , а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 761. Последната дистрибуција по градови е следна:

• Скопје – 486
 Куманово – 378
 Дебар – 51
 Штип-34
 Прилеп –143
 Тетово – 75
 Струга – 65
 Велес – 69
 Битола –19
 Охрид –15
 Кавадарци – 7
 Гостивар –17
 Гевгелија – 4
 Струмица – 2
 Крива Паланка-5
 Радовиш – 4
 Крушево – 3
 Кочани – 28
 Пробиштип – 2
 Кичево – 2
 Неготино -5
 Демир Хисар – 1
 Македонски Брод -2
 Пехчево- 1
 Валандово -1
 Виница – 2

Направените 362 теста се преку: ИЈЗ –203, Ветеринарен ф-тет -8 , Авицена –11, Биотек –45, Филип Втори (Жан Митрев) –48, Систина со PCR метода -25 и МАНУ -22 . Досега во земјата се направени вкупно 15771 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 5 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 52. Критично болни и на механичка вентилација се 3 пациенти, 25 се со потешка клиничка слика и на кислородна маска.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови, а вкупно хоспитализирани 28 пациенти. Со потешка клиничка слика се 3 пациенти, а на респираторна машина вкупно 6.

Во болницата во Битола се лекуваат 6 пациенти, а на домашно лекување се следат 8. Во Штип на болничко лекување има 2, а на домашно се следат уште 6 пациенти. На останатите инфективни одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар, Охрид, Тетово се хоспитализирани вкупно 46 пациенти, позитивни и суспектни на ковид -19.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Сугарески: Демократско е правото на протест, но не држи тезата на транспортерите

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk