ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Не постои универзална форма за лекување на пациентите од КОВИД-19

Нема еден универзален пристап во лекувањето зашто болеста КОВИД-19 има многу различни манифестации од најлесна, па дури и гастроентистинални тегоби, преку лесна форма на настинка, средна форма кога е компромитирано сериозно дишењето и најтешка форма кога се пациентите зависни од респираторна машина. Се прават комбинации на лекови заради тоа што страдаат повеќе органи, рече Филипче

April 28, 2020 15:49
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во светот досега нема една универзална форма на лекување на пациентите заразени со КОВИД-19, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-Нема еден универзален пристап во лекувањето зашто болеста КОВИД-19 има многу различни манифестации од најлесна, па дури и гастроентистинални тегоби, преку лесна форма на настинка, средна форма кога е компромитирано сериозно дишењето и најтешка форма кога се пациентите зависни од респираторна машина. Се прават комбинации на лекови заради тоа што страдаат повеќе органи, рече Филипче во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Тоа, посочи, е нешто што го дефинираат лекарите при третманот заради тоа што на дефинирање на терапијата претходат многу анализи како што се крвни анализи, рентгенски слики на бели дробови, ехо снимки,…

-Сето тоа се прави секојденвно и бара и секојдневен увид во евентуално додавање, одземање, менување на дозите на различна терапија, рече Филипче и додаде дека досега во светот нема една универзална форма на лекување за овие пациенти.

Прашан како ќе се одвива наставата за следната учебна година за да се обезбеди доволно растојание меѓу учениците и како ќе работат градинките, министерот за здравство рече дека се уште се изработуваат моделите како ќе функционира тоа. Потенцираше дека организацијата ќе биде предизвик за градинките, но оти ќе се остави тоа да го решат експертите.

-Разговаравме со претседателот на Владата, министерот за образование и наука во однос на сите овие детали заедно со вклучени луѓе од Комисијата кои работат на тие критериуми. Во таа смисла сеуште се изработуваат моделите во кои сето тоа треба да се изведе. Знам дека ќе биде предизвик во градинките, но ќе оставиме експертите да го кажат своето мислење во соработка со претставници на МОН заради носење на заеднички план кој потоа ќе биде достапен за јавноста и пред се за институциите кои треба да го имплементираат, прецизира Филипче.

Next Post

Сугарески: За почеток на изградба на брана на река Отиња годинава се предвидени 200 илјади евра

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk