ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Од 1 јуни во Грција ќе започнат со работа угостителските објекти и хотелите

Со целосно укинување на ограничувањето на движењето и отворање на дел од продавниците од понеделник, на 4 мај започнува постепеното олабавување на рестриктивните мерки во Грција, а една седмица подоцна ќе се отворат и останатите продавници и матурантите ќе се вратат на училиште, додека пак угостителските објекти и дел од хотелите ќе започнат со работа на први јуни

April 28, 2020 20:44
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Со целосно укинување на ограничувањето на движењето и отворање на дел од продавниците од понеделник, на 4 мај започнува постепеното олабавување на рестриктивните мерки во Грција, а една седмица подоцна ќе се отворат и останатите продавници и матурантите ќе се вратат на училиште, додека пак угостителските објекти и дел од хотелите ќе започнат со работа на први јуни, согласно главните оски на „безбедносниот мост кон новото секојдневие“, што ги соопшти грчкиот Премиер Кирјакос Мицотакис во видео пораката до граѓаните , јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот на Владата на Грција, презентирајќи ги главните точки на планот за следните два месеци, под новиот слоган „Остануваме безбедни“, рече дека земјата го ограничи првиот бран на вирусот и подготвена е да поминеме во втората фаза од планот, што „не е епилогот на перипетијата, туку е продолжение“.

-Мај не е март. Тогаш требаше да го одбраниме нашето здравје и да спасиме животи останувајќи дома. А сега сме повикани, да се вратиме методично, постепено, на некои од нашите познати активности. Нашиот нов слоган е „Остануваме безбедни“. Излегуваме од дома, но секогаш остануваме одговорни, порача Мицотакис

Од понеделник целосно се укинува ограничувањето на движењето, односно обврската на граѓаните при секое излегување да праќањето смс порака или да пополнуваат потврда.

Паралелно, ќе се отворат продавниците како што се книжарниците, продавниците за електронски производи, за спортски производи, фризерските салони (само со закажување), додека пак останатите продавници, ќе се отворат една седмица подоцна на 11 мај, а трговските центри на 1 јуни.

Наставата за матурантите ќе започне на 11мај, една недела подоцна одново ќе тргнат на училиште учениците од средните училишта, а секако ќе постојат посебно правила за да се избегне метеж.

Основните училишта и градинките засега остануваат затворени, а постои веројатност да се отворат на 1 јуни, само, како што рече Мицотакис, „ако сме апсолутно сигурни дека текот на епидемијата се движи по надолна линија“.

Во однос на црквите, Мицотакис рече дека од 4 мај ќе бидат отворени за индивидуални молитви, додека пак од 17 мај, верниците ќе може да присуствуваат на литургиите, но под одредени правила кои дополнително ќе се одредат.

На 1 јуни ќе започнат со работа угостителските објекти, а ќе се отворат и хотелите кои што функционираат во текот на целата година.

Грчкиот премиер рече дека во текот на летото речиси е невозможно да се дозволат големи собири како што се фестивали, концерти и или спортски натпревари со публика.

Мицотакис порача дека на 4 мај започнува ново секојдневие за граѓаните, а се додека не се најде соодветна вакцина или ефективна терапија „новиот коронавирус ќе живее меѓу нас“.

-Сепак, клучот за успех повторно ќе биде нашата индивидуална дисциплина, одговорноста, довербата во упатствата на експертите. Резултатот што го постигнавме е голем, но е сѐ уште е кревок. Да се вратиме на нашите животи и нашите работни места е потешко отколку да останеме дома. Затоа, колку што ќе се олабавуваат ограничувањата, толку ќе се зголемува улогата на личната одговорност. Па така, слоганот „остануваме дома“ останува во сила. Не излегуваме без причина. Остануваме безбедни, рече Мицотакис

Грчкиот премиер во видео пораката до граѓаните ги претстави главните оски на владиниот план, додека пак шест заменици министри, на прес конференција попладнево детално ги објаснуваат аспектите на конкретниот план во однос на работата на продавниците, болниците и здравствените установи, работата на јавниот сектор, како и јавниот превоз.

Next Post

„Туркиш ерлајнс“ нема да летa до 28 мај

Најново

ВОЛК ЗАЛОВЕН ВО СКОПСКА НАСЕЛБА: Бил чуван незаконски со ремче и ланец

May 13, 2026
Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис за 13 мај 2026: Врвен моментум и незапирлива акција

May 13, 2026

Филипче: Мицкоски и Муцунски ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

May 12, 2026

Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара да ја држи државата изолирана, за да продолжи да го краде народот

May 12, 2026

Мицкоски на Македонија 2025: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

May 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk