ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

09: Статус кво ставови за свикување на Собранието, вторпат во пламен касарната во Струмица, аплицирање за бескаматни кредити

Блок утрински вести.

April 29, 2020 07:59
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Прегазено четиригодишно дете во Струмица, возачот побегнал. Настанот го потврдија од струмичката полиција од каде информираа дека детето со тешки телесни повреди по приемот во Медицинскиот центар во Струмица е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.

Пожарникари шест часа го гаснеа пожарот во поранешната касарна во Струмица.

Гореше поранешната командно-штабна зграда со површина од околу 2.000 метри квадратни. Гаснењето беше исклучително тешко поради староста на зградата во која меѓукатните конструкции беа од греди, даски и трски поради кои пожарот се ширеше со голема брзина, стои во известувањето од ТППЕ Струмица.

Непроменети ставовите за свикување на распуштениот парламентарен состав. Џафери завчера во изјава за ТВ 21 го изнесе својот став, при што рече дека смета оти секој друг начин освен по избори за заседавање на Собранието е обид за пуч. Тврди дека се вршел притисок врз него за повторно свикување на пратениците и заседавање на Парламентот, но, како што нагласува, „со Собранието е веќе завршено“.

Активни 761 случај на заболени со корона вирус, израмнета е кривата на епидемијата, мерките мора да се почитуваат. Од почетокот на коронакризата, досега се регистрирани 1.421 заболени, а во земјава направени се вкупно 15.771 тестирања на Ковид-19. Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека со досегашните преземени мерки израмнета е кривата на епидемијата, апелирајќи дека сегашните рестрикции задолжително мора да се почитуваат.

За првомајските празници полициски час од 14 до 5 часот наутро, заштитните маски остануваат задолжителни.

Што се однесува до лицата над 67 годишна возраст, тие во петок, сабота и недела ќе можат да се движат од 5 часот наутро до 11 часот. На сите деца и млади лица до 18 години во петок, сабота и недела ќе им биде дозволено излегување од 12 до 14 часот.

Од денеска аплицирање за вториот пакет бескаматни кредити преку Развојната банка. Повикот е наменет за микро, малите и средни компании од сите дејности, а еден од условите е компаниите да имаат пад на приходите од 30 проценти. Кредитите се бескаматни со рок на отплата до три години и грејс период од 12 месеци. Трошоците кон Развојната банка се сведени на нула. Минималниот износ на кредитот е 3.000 евра, а максималниот износ 90.000 евра. Сумата ќе се определува според бројот на вработени кои компанијата го имала заклучно со 31 јануари така што минималната плата ќе се помножи со бројот на вработени и со три месеци.

Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.

„Тајмс“: Починатите од Ковид-19 во британски домови за нега на стари лица ќе бидат повеќе од оние во болниците.

Next Post

Ангеловска: 631 бескаматни кредити се одобрени со Ковид 1 линијата на Развојната банка

Your browser does not support the video tag.
Shortcut

Најново

Фото: илустрација Фронтлајн

Трамп во посета на Кина: Пет клучни прашања на маса со Си Џинпинг

May 14, 2026
Анаис. Мотив, Битола Широк сокак

Дневен хороскоп со Анаис за 14 мај 2026: Фаза на материјализација и стабилност

May 13, 2026

„Авалон продукција“ објави детали за влезниците за „David Guetta“ за 8. Септември

May 13, 2026

Николоски: Воена болница станува најмодерна во државата, целосно ја реконструиравме болницата „8-ми Септември”

May 13, 2026

СДСМ бара итна оставка од јавниот обвинител Савески: Мицкоски му диктира задачи и врши притисок

May 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk