Лекот ремдесивир, првично користен кај пациенти со Ебола, дал добри резултати како пробен третман против корона вирусот, се вели во текст на Гардијан.
Истражувањето е спонзорирано од Националниот здравствен институт на САД, а докторот Ентони Фаучи, на прес конференција денес ги опишал резултатите од тестирањето како „доста добри вести.“
Докторот додал и „дека се докажало дека ремдесивир успешно го блокира вирусот и таквото третирање ќе стане стандард за нега.“
Над 1000 тешко болни пациенти во 75 болници низ светот закрепнале за 31% побрзо со овој лек наспроти оние на кои им бил даден плацебо лек. Со ремдесивир времето на закрепнување се намалило од 15 на 11 дена.
Научниците исто така веруваат дека лекот има влијание и на смртноста на пациентите, истакнувајќи дека од групата која го примила лекот ремдесивир починале 8%, а од плацебо групата 11%.
Првично, лекот од американско производство не се води како лек за Ковид-19, и ќе требаат повеќе информации за да се потврдат сите овие тврдења, но експертите веруваат дека лекот може да помогне кај акутно болни, можеби и комбинации со други лекарства кои допрва ќе се тестираат.
За разлика од резултатите во САД, истражување за ефектот на ремдесивир кое било спроведено во Кина не дало резултати затоа што било прекинато заради недостаток на пациенти.
А. Н. С.