ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Функционер на ВМРО-ДПМНЕ уапсен за поткуп за субвенции

Се работи за лицето Игор Гоцев, член на ИО на ВМРО-ДПМНЕ Струмица, вработен во агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството

April 30, 2020 10:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Од МВР известуваат дека отсекот за економски криминал при Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основно јавно обвинителство Струмица на 29.04.2020 година поднело кривична пријава против И.Г. (38) од Струмица, вработен во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за сторено кривично дело „Примање поткуп“ по член 357 од кривичен закон.

Се работи за лицето Игор Гоцев, член на ИО на ВМРО-ДПМНЕ Струмица, вработен во агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, наведуваат на социјалните мрежи.

Игор Гоцевски член на ИО ВМРО-ДПМНЕ Струмица вработен во агенција за финансиска поддршка во земјоделство е уапсен и му е поднесена кривична пријава поради примање на поткуп со бележани банкноти.
Им дојде Цветан заменик во МЗШВ и пак почнаа со уцени кон земјоделците со барање мито pic.twitter.com/HcViHd6s3P

— Profesorkata Mila (@Nadja_RedGirl) April 30, 2020

Во соопштението на МВР известуваат дека во декември 2019 година осомничениот извршил контрола над земјоделски површини сопственост на правен субјект од с.Бучим, општина Радовиш, за што изготвил записник без констатирани забелешки, а врз основа на тој записник на правниот субјект му биле исплатени субвенции согласно Програмата за финансиска подршка во земјоделството за 2019 година.

МВР наведува дека во април 2020 година пријавениот остварил контакти со управителот на правниот субјект и побарал од него да му исплати пари во износ од 600 евра, како награда за претходно изготвениот записник без констатирани неправилности, а ако не го стори тоа, тој ќе изготви нов записник со констатирани неправилности, поради што ќе мора да ги враќа исплатените средства и нема да има право да аплицира за доделување на субвенции следната година.

„На 29.04.2020 година околу 08.00 часот на локален пат од село Бучим кон Радовиш од страна на полицски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш е запрено патничко возило марка „мерцедес“, со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Г., при што во возилото се пронајдени обележани
банкноти во вкупен износ од 36.000 денари, кои претходно осомничениот ги примил од управителот на правниот субјект од село Бучим. И.Г. е лишен од слобода и по поднесена кривична пријава е предаден на Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица, од каде е изведен пред судија на претходна постапка во Основен суд Струмица.“, се вели во соопштението од МВР.

 

Next Post

СЗО: Компликациите од корона вирус кај децата се ретки

Shortcut

Најново

Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk