ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Имаме повеќе капитални инвестиции и зголемени плати во неколку сектори

Советникот Битиќи одговори на прашање на Фронтлај на денешната прес конференција за тврдењата дека биле потрошени 120 милиони евра буџетски пари за изборни цели.

April 30, 2020 12:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Советникот на премиерот во Владата, Фатмир Битиќи, на денешната прес конференција одговори на прашањето на Фронтлајн во врска со тврдењата на ВМРО дека во првите три месеци се потрошени 120 милиони евра од буџетот за изборни цели.

За да биде соодветен одговорот треба реално да видиме на што тоа се должи. Вистина е дека од планираниот дефицит за годинава од отприлика 16 милијарди денари, потрошени се речиси 43%, или во бројки 7,4 милијарди денари. Тоа е отприлика 25% повеќе од потрошениот дефицит во истиот квартал минатата година, кога имавме 18% потрошени од дефицитот или 3,2 милијарди денари.

Разликата меѓу двата квартали е 4,2 милијарди денари, но мислам дека граѓаните треба да сфатат каде овие 4,2 милијарди се потрошени. Во периодот јануари – март, посебно март со кризата, приходната страна на Буџетот беше намалена за отприлика 1,9 милијарди денари (5% помалку приходи од планираните за целиот квартал), и секако тоа се планирани расходи на другата страна. Затоа буџетот е искористен соодветно за пополнување на оваа дупка во приходната страна.

Дополнително, во периодот јануари – март 2020, имаме за 400 милиони денари повеќе реализирани капитални инвестиции во споредба со лани, т.е во овој квартал имаме 8,5% реализација на капитални инвестиции, што е за 2,3% повеќе од првиот квартал во 2019, изјави Битиќи.

Второ, имаме за 800 милиони денари повеќе платени субвенции наспроти истиот квартал лани, што во проценти е 3% повеќе од кварталот јануари – март 2019.

На крај советникот нагласи дека не е добро да се споредуваат двата квартали, затоа што со сите законски измени од минатата и оваа година, сите расходи се законска обрска на Владата. Кварталите се неспоредливи затоа што оваа година имаме покачени плати во образование, во Армијата, Полицијата, здравството. Замислете во овој момент со оваа ситација да ги имавме истите плати. Какви ќе беа реакциите од другата страна. Најголемиот товар моментално паѓа на овие четири сегменти.

Советникот Битиќи додаде и дека имаме зголемени пензии, поголеми социјални давачки и затоа нагласува дека споредбите на овој квартал со претходниот се неспоредливи и дека буџетскиот дефицит кој што е направен во овој период е соодветен на одговорот на кризата и секако, тој ќе продолжи да биде соодветно користен за најмалку да падне товарот на самите граѓани и на оние кои ја носат одговорноста.

 

А. Н. С.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Од сопатник со Албанија, Македонија десетици чекори зад неа на патот кон ЕУ

May 16, 2025

16 Мај – Ден на ромскиот отпор против нивното планирано погубување од нацистите во Аушвиц-Биркенау

May 16, 2025

Најмалку 50 луѓе загинаа при израелскиот напад врз Појасот Газа

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Втора полуфинална вечер на Евросонг – 16 земји се борат за место во финалето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Зеленски по пристигнувањето во Турција: Руската делегација е застапена од заменски реквизити

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk