ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Полициски упад во магацинот со донации од Заеви

Претседателот на невладината „Сите заедно можеме“, Александар Маркоски, вели дека во акцијата на полицијата гледа политичка заднина бидејќи стоката е донирана од семејството Заеви, а хуманитарната акција е стопирана бидејќи не им одговара на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев

April 30, 2020 11:42
in ДЕНЕС, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Полиција упаднала во магацини во кои волонтери од невладината организација „Сите заедно можеме“ пакуваа прехранбени продукти за дистрибуција до семејства од социјално ранливите категории во осум општини, јавува А1 он.

Волонтерите, наместо дома, до 4 часот утринава останале во полициска станица, каде што даваа исказ. Во акцијата на полицијата била вклучена и дежурната јавна обвинителка Лидија Георгиева, која наредила хуманитарната помош да не биде транспортирана додека не се достават документи за потекло на стоката.

Претседателот на невладината организација, Александар Маркоски, појаснил дека испратниците и фактурите не ги чуваат во магацин и дека тие се кај донаторите на стоката, односно семејството Заеви, но не наидоа на разбирање од страна на инспекторите.

Адвокатот на невладината организација, Илин Тодоровски, за „А1он“ вели дека акцијата е спроведена како на филм додавајќи дека е нелогично во 11 часот навечер да бараш испратници и фактури за потекло на стоката, која е хуманитарна помош. Објаснувањето е дека се постапува по пријава за што Тодоровски се сомнева.

Претседателот на невладината „Сите заедно можеме“, Александар Маркоски, вели дека во акцијата на полицијата гледа политичка заднина бидејќи стоката е донирана од семејството Заеви, а хуманитарната акција е стопирана бидејќи не им одговара на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев. Тој и натаму бара да се кажат мотивите за спречување на хуманитарната акција.

Целиот текст тука

Next Post

Сите функционери на СДСМ разликата во платата над 14.500 денари ја донираат во фондот за борба против коронавирусот (ВИДЕО)

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk