ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Двајцата насилници од Штип добија казна затвор по 2,5 години

Бранителката на жртвата, Билјана Андонова се надева дека изречената казна ќе делува на обвинитетите и да сфатат што сториле, да се покајат, но и да се подобрат како личности.

April 30, 2020 14:09
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

По две и пол години затвор заработија двајцата насилници, кои во јануари малтретираа и тепаа 21 годишна девојка. Насилството го снимаа на мобилен, а беше објавено на 2 април. Пресудата денеска беше објавена во штиспкиот Основен суд, на објавата присуствуваше жртвата, но не присуствуваа насилниците, ниту нивниот бранител.

Поради посебните мерки пресудата се читаше со минимално присуство на роднини и новинари. Судијата образложи дека како олеснителна околност за сторителите е земено признавањето на вината, изразувањето на каење, како и дека досега не се сторителите на кривично дело.

Бранителката на жртвата, Билјана Андонова се надева дека изречената казна ќе делува на обвинитетите и да сфатат што сториле, да се покајат, но и да се подобрат како личности. Во изјава за ТвСтар, Андонова исто така рече дека се надева со ваквата пресуда ќе се прати јасна порака и апел до цела јавност за нулта толеранција на ваков вид на насилство.

-За оштетената не можам да кажам дали ќе биде задоволна или не. Затоа што ниту една казна неможе да и го надомести сето тоа, што го имаше претрпено, коешто цела јавност го виде преку видеото. Искрено се надевам дека со оваа пресуда ќе се прати јасна порака и апел до цела јавност, за нулта толеранција на ваков вид на насилство. Се работи за насилство, родоворобазирано, кое е базирано спрема девојка, млада девојка. Сметам дека казната ќе има пред се генерална превенција за целата јавност, рече Андонова.

Таа истакна дека со жртвата изминатиот период работеше Мултисекторскиот тим на ЕХО.

Адвокатот на 23 и 26 годишните сторители на насилството, Валентин Зафиров, оцени дека казната е висока, а дали ќе ја обжалат на повисокиот суд ќе треба да ја види на писмено, но и да се консултира со двајцата клиенти.

Обвинителството информира дека откако ќе ја добијат пресудата во писмена форма ќе одлучат кои чекори ќе ги преземат понатму за овој случај. Согласно Кривичниот законик за сторено кривично дело „насилство“, казната затвор е од шест месеци до пет години. Судијата денеска на сторителите им ја продолжи мерката притвор, кои се во истражниот Затвор во Куманово.

 

 

Next Post

Димковска: Театарот преживеал и војни и чуми, ќе се роди нешто многу поубаво, нешто ново

Your browser does not support the video tag.
Shortcut

Најново

„Авалон продукција“ објави детали за влезниците за „David Guetta“ за 8. Септември

May 13, 2026

Николоски: Воена болница станува најмодерна во државата, целосно ја реконструиравме болницата „8-ми Септември”

May 13, 2026

СДСМ бара итна оставка од јавниот обвинител Савески: Мицкоски му диктира задачи и врши притисок

May 13, 2026

Филков бара одговорност од Абази: Одлуката за запирање на истрагата за мазутот итно да се преиспита

May 13, 2026

Министерство за култура: Исплатени средствата за самостојните уметници, утре ќе бидат на нивните сметки

May 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk