ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Министерот Отсјај

Најновиот скандал во кој се вплетка Наќе Отсјај е неговиот „одмазднички поход“ против хуманитарната акција на Зоран Заев и неговото семејство. Конвојот од шест полициски возила кои тргнаа во „политичка“ контрола на стотиците пакети хуманитарна помош е „балансот“ што тој сака да го воспостави со секојдневните скандали на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

April 30, 2020 18:46
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Наќе Чулев

Наќе Чулев

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Тоа дека полициското подземје е длабоко вгнездено во МВР, знаеме одамна. Тоа беше кажано неколку пати и од собраниската говорница во изминатите три години, а стана повеќе од очигледно откако се воспостави техничката влада. Наќе Чулев, по ново Наќе Отсјај, кој ѝ припаѓа на хард кор матрицата на МВРО, е неуморен.

Веќе во првите неколку дена од своето техничко министерување, Наќе Отсјај успеа да ја потсети јавноста на „славното минато“ кога МВР, и според зборовите на тогашната министерка Гордана Јанкуловска, беше МВРО.

Најновиот скандал во кој се вплетка Наќе Отсјај е неговиот „одмазднички поход“ против хуманитарната акција на Зоран Заев и неговото семејство. Конвојот од шест полициски возила кои тргнаа во „политичка“ контрола на стотиците пакети хуманитарна помош е „балансот“ што тој сака да го воспостави со секојдневните скандали на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова „херојство“ на Наќе Отсјај е комичен обид да се затскрие скандалот со поткупот од 600 евра што го изнудил партиски солдат близок до врвот на партијата на Груевски. А тука е и скандалот со билдерот Мицкоски, кој во време на пандемија, со злоупотреба на полициски ресурси, се „билда“ во затворена теретана.

Министерот Отсјај имаше прилично лош старт. Уште од првиот ден, „воскреснаа“ прашањата околу неговата аферата Диво Насеље и некои други афери и скандали. Без човек да прелистува онлајн архива, може да се сети на најмалку 10 скандалозни ситуации во кои јавноста го фати на дело техничкиот министер за отсјај.

Во првите неколку дена тргна со реинсталирање на режимската постава на стратешки места во МВР. Се обиде да им го одземе обезбедувањето и службените возила на техничкиот премиер Спасовски и претседателот Пендаровски. Јасно даде до знаење дека „полицијата сега е наша“. Се расправаше со медиумите. Секој втор ден поднесуваше претставки до ДИК и така го кочеше.

Објави заплена на 1,3 тони дрога во Крушопек, а одвај излезе едно килце и тоа поставено како мамец од меѓународната полициска акција. Се сликаше со воениот злосторник Тарчуловски на Прочка. Се слика кај стигне, но затоа не се појавува на седници на Кризниот штаб и на Влада, а кога ќе се појави, гласа против, ги нарекува граѓаните агресивни, а потоа негира сѐ што кажал. Води кампања во работно време, користејќи јавни ресурси. Направи циркус со пасошите. Не постапува по јавните повици да им се стави крај на лажните вести и говорот на омразата кој очигледно се продуцира во неговата партија. Од 4 јануари кога беше изгласана техничката влада, тој фрла „отсјај“ буквално секој ден.

 


Сите права се задржани. 
Next Post

МТСП: Компаниите да исплатат празнична дневница на работниците што ќе работат на празник

НАЈНОВО

Салиу: Меѓународниот ден на ромскиот јазик, не потсетува дека јазикот не е само средство за комуникација, туку и знак и на идентитетот, достоинство и духовна сила

November 5, 2025

Училиштата може да аплицираат за средства за реализација на активности за заштита од насилство, пороци, дискриминација, малолетничка деликвенција

November 5, 2025

Туфегчиќ за Онкологија: Во недостаток на аргументи и докази, многу е некоректно Обвинителство да се служи со сведоци кои ќе изнесуваат неосновани лични дискредитации

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk