ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Метаморфозис: Најголема закана се дезинформациите околу Ковид 19

May 3, 2020 15:08
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Оваа година се справуваме со ширењето на Ковид 19 пандемијата и во овој момент од уште покритично значење е пристапот до кредибилно известување и информации, порачува фондацијата „Метаморфозис“ по повод Меѓународниот ден на слободата на медиумите.

– Фондацијата Метаморфозис им се заблагодарува на сите колеги новинари, пријатели, партнери и донатори за нивната поддршка во заштитата на медиумските слободи и во обезбедувањето на отворен, безбеден и еднаков пристап до информации на кои може да им се верува и он-лајн и оф-лајн во овие критични времиња, се вели во соопштението.

Осврнувајќи се на пораката од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој повикува на поголема заштита на новинарите, нагласувајќи дека тие обезбедуваат противотров за пандемијата од дезинформации, од „Метаморфозис“ оценуваат дека и земјава не е имуна на ваквите случувања и оти напливот на дезинформации поврзани со Ковид 19 е висок во медиумите и на социјалните мрежи.

Фондацијата смета дека престои уште многу работа во медиумскиот простор во земјава, иако според најновиот извештај на „Репортери без граници“ имаме скок од 118 на 92 место.

Како проблеми кои ги посочува Метаморфозис се немањето стратегија за медиумскиот сектор, немањето доволно политичка волја кај сите политички чинители за да се дистанциираат целосно од влијанието врз уредничката политика на медиумите, како и неспроведувањето на реформи во јавниот радиодифузен сервис и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

– Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ , во рамки на своите заложби за слободни, независни и професионални медиуми, смета дека директното доделување на јавни средства ги става медиумите во позиција која води кон подривање на уредувачката независност и медиумската слобода, кон нарушување на интегритетот и зголемено политичко влијание. Државната финансиска помош за медиумите не треба да се врши преку директно доделување средства, туку помошта треба да се доделува преку други начини, како што е намалување на даночните стапки и ослободување од давачки при вработување за новинари и да биде наменета само за квалитетно професионално новинарство без разлика дали станува збор за печатен, електронски или онлајн медиуми, се наведува во соопштението.

Next Post

Медиумите во време на кризата покажаа дека се најважниот канал за комуникација со граѓаните

Shortcut

Најново

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk