ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: Се чудам на политичките партии кои многу зборуваа за избори, а бегаат од избори

Одлуката ќе ја носиме низ консултации. Не сакаме државата да влезе и во вториот бран на можната епидемија во втората половина на годината без Собрание и без целосно функционални институции во полн капацитет. Затоа сметаме дека се неопходни избори, изјави Шекеринска

May 4, 2020 14:41
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Врвна одговорност е државата да обезбеди целосно функционирање на своите институции и да се подготви за вториот бран на епидемијата. Веднаш штом ќе се создадат услови, штом епидемијата ќе даде шанса да организираме избори, тоа треба да го направиме, порача денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

-Одлуката ќе ја носиме низ консултации. Не сакаме државата да влезе и во вториот бран на можната епидемија во втората половина на годината без Собрание и без целосно функционални институции во полн капацитет. Затоа сметаме дека се неопходни избори, изјави Шекеринска во одговор на новинарско прашање по полагањето цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје по повод 117-годишнината од смртта на македонскиот револуционер.

Во моментов, посочи, целиот свет се справува со последиците на КОВИД-19 вирусот и се подготвува не само за овој прв бран кој што беше во тек, туку се подготвува и за втората фаза на епидемијата, која сите ја очекуваат во втората половина на годината.

-Несериозно е како држава и ние тоа да не го правиме. Во моментов имаме вонредна состојба, и имаме Собрание кое што е распуштено. Сметаме дека врвна одговорност е државата да обезбеди целосно функционирање на своите институции и да се подготви за вториот бран на епидемијата. Затоа нашиот став беше веднаш штом ќе се создадат услови, веднаш штом епидемијата ќе ни даде шанса да ги организираме изборите, тоа и да го направиме, потенцира Шекеринска.

Навистина се чудам, додаде, на политичките партии кои многу зборуваа за избори, а бегаат од избори и од било каква најава да дискутираме на оваа тема.

-Само во тек на шест дена, ВМРО-ДПМНЕ излезе со два сосема спротивни става по вонредната состојба. Прво нивниот претседател тврдеше дека втората вонредна состојба тој не можел да ја разбере, за  потоа потпретседателот на неговата партија, да вели дека неопходно е вонредната состојба да продолжи. Станува јасно дека не се грижат за епидемијата, не се грижат за граѓаните, не се грижат за државата, туку единствената цел е да ја избегнат опасноста за нив наречена избори. Свесни се дека граѓаните ги памтат не само поранешните политики, туку памтат и дека во период на епидемија тие се трудеа да тераат политика, а не да помагаат на државата да се справи со ова зло, рече Шекеринска.

Next Post

Филипче: Планот за работа на градинките со посебен протокол ќе биде соопштен деновиве

Shortcut

Најново

Трамп е наш, ние сме трапави!

August 26, 2026

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk