пишува: РИБАРО
До екипата на АХА, утрово стаса интересен телефонски разговор помеѓу Наќе Отсјај и Мицко Бицепс.
Краткиот разговор ви го пренесуваме во целост:
Наќе Отсјај: Шефе она со спотот и полициските возила ни се удри од глава. И покрај сите преземени мерки да не е достапен теренот каде ги насобравме полициските коли, дозна цела јавност за настанот. Како да ја вадам сега оваа ситуација?
Мицко Бицепс: Пиши дека не биле толку многу полициски коли, дека биле две три возила, но од отсјајот само им се чинело како да се повеќе. Смисли нешто Наќе, нели те бива за тоа. Кажи дека од аголот каде што се снимени снимките ако се пресмета по геометриска прогресија се мултиплицираат објектите што се предмет на опсервација….
Наќе Отсјај: Што аголот мултиплицирал…?
Мицко Бицепс: А бе кажи дека од отсјајот е и толку, да не ја тупиме многу, како шо вели главниот шеф.
Наќе Отсјај: Аха, ок. шеф. А за она дека дента кога ни падна полициски хеликоптер, ние сме снимале спот, што да кажам, како да се вадам за да не испадне дека без осет сме?
Мицко Бицепс: Хм… па речи и тоа е до одсјајот, смисли нешто. Ајде бркај работа, снајди се, имам 50 стомачни за правење и бицепс за билдање.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK







