ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Туристичко угостителска комора: 59% од угостителите се подготвени да работат со половина капацитети

Угостителството е еден од најпогодените сектори во земјата, кој од средината на месец март годинава со уредба од Владата беше затворен, се со цел превенција од вирусната инфекција.

May 5, 2020 09:59
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Туристичко угостителската комора информира дека спровела истражување за состојбата со која се соочуваат угостителите во изминатиот период од почетокот на здравствено-економската криза, како и за мерките што ги презема Владата за ублажување на последиците во секторот.

Според Комората, угостителството е еден од најпогодените сектори во земјата, кој од средината на месец март годинава со уредба од Владата беше затворен, се со цел превенција од вирусната инфекција.

– Генералната слика е дека угостителите трпат големи штети од пандемијата, тешко ја пребродуваат кризата со понудениот пакет економски мерки, а голем дел од нив нема да се во можност во целост да започнат со работа и по олабавување на мерките и можноста да ги отворат своите капацитети, истакнува потпретседателот на Туристичко угостителската комора, Мартин Ангеловски, кој потенцира дека во истражувањето учествувале мали и средни претпријатија од сите градови во земјата.

По однос на тоа „дали угостителите се подготвени да започнат со работа со половина од расположливите капацитети“, односно според најавата со скратено работно време и ограничен простор за работа, 59 отсто одговориле потврдно, односно дека се подготвени, додека 41 проценти дека не се подготвени за делумно функционирање.

На прашањето „дали се информирани за безбедносните мерки кои треба да ги применат при отпочнување со работа, кои се поврзани со превенција од Ковид-19 на вработените и гостите“, вкупно 78 отсто одговориле дека до сега не добиле, односно немаат информации за посебни безбедносни мерки за работа, а 22 проценти одговориле потврдно.

Во однос на економските мерки, на прашањето „дали се задоволни од понудената мерка на Владата да даде поддршка во висина од 9.000 денари или бруто плата од 14.500 денари“, 95 отсто одговориле дека не се задоволни, а само 5 проценти дека се задоволни.

Дополнително, 90 отсто од угостителите одговориле дека за нив не е прифатливо што обврската по однос на ДДВ не е одложена за период од шест месеци, по завршување на кризата. Дури 93 проценти од угостителите одговориле дека не се задоволни од тоа што нема мерка за одложувањето на плаќање на режиските трошоци, струја, вода, комуналии.

Воедно 70 отсто од угостителите одговориле дека очекуваат дополнителна финансиска поддршка од страна на Владата по започнување со работа.

– На прашањето дали Владата треба да преземе мерки во однос на подигнување на свеста на посетителите на угостителските објекти дека се преземени сите неопходни мерки за заштита и безбедност“, 69 проценти сметаат дека Владата треба да спроведе кампања со прецизни инструкции за заштита на вработените и гостите од Ковид-19, изјави Ангеловски, додавајќи дека како резултат на моменталната состојба на пазарот и мерките кои се преземени, 60 отсто од угостителите би продолжиле со работа со истата дејност, а 40 проценти се изјасниле негативно.

Истражувањето ја отсликува реалната состојба со секторот угостителство, за која угостителите алармираат уште од стартот на пандемијата. Во таа насока, во периодот што претстои, почеток на работа на угостителските капацитети, од исклучителна важност е засилување на дијалогот со релевантните институции, континуитет во информациите и дискусија со претставниците од секторот пред да се донесат идни мерки, се посочува во соопштението на Комората./МИА/

Next Post

Одбраната на Бојан Јовановски бара да сведочи поранешниот директор на УБК Горан Николовски, судот одби

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk