Ако Уставниот Суд не донесе одлука за поништување на одлуката за распуштање на Собранието, тогаш изборите ќе мора да се одржат на 7 Јуни. Оваа произлегува од одлуките донесени од Претседателот, Владата и ДИК со кои беше прогласена вонредната состојба и прекинат изборниот процес.
Во членот 5. од Уредбата на Владата со законска сила од 22 март, со која се прекина изборниот процес закажан за 12 април се вели:
„Спроведувањето на изборните дејствија ќе продолжи од денот на престанок на вонредната состојба. Сите изборни дејствија кои се преземени согласно одредбите на Изборниот законик до денот на стапување на сила на оваа Уредба се сметаат за важечки”.
Истиот ден и ДИК донесе слична одлука со која се прекинаа сите пидготовки за изборниот процес и исто така се потврди дека ќе продолжат дента кога ќе заврши вонредната состојба.
Првата одлука за прогласување на вонредна состојба беше донесена на 18 март, а втората на 16 април. Ако 16 април се пресметува како прв од вторите 30 дена вонредна состојба, тогаш тоа треба да заврши на 16 мај.
Од овој датум избирите треба да се одржат за толку дена колку што останале од денот на прекинување на изборите до 12 Април. Изборите се прекинаа на 22 март што подразбира дека до денот на гласање останале уште 21 ден. Ако 16 мај се укинува вонредната состојба тогаш изборите мора да се одржат на првата наредна недела, што спаѓа на 7 Јуни.
Доколку вонредната состојба завршува според датумот закажан првиот пат (18 март-18 мај), во оваа ситуација изборите би се одржале на 14 Јуни.
А. Зеќири





