ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Наскоро одлука за отворање на угостителските објекти и нова поддршка од државата

За отворањето на кафетериите и рестораните е формирана работна група, истовремено се консултираат стопанските комори, а посебно коморите што го претставуваат угостителскиот сектор.

May 6, 2020 12:22
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека Владата за кратко време по препорака на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе донесе одлука за отворање на кафетериите и рестораните, но и дека за угостителскиот сектор ќе следи и нова поддршка од државата откако ќе бидат отворени, а за што очекува конкретни предлози од Туристичко угостителската комора.

– За отворањето на кафетериите и рестораните е формирана работна група,  истовремено се консултираат стопанските комори, а посебно коморите што го претставуваат угостителскиот сектор. Мислам дека Владата за кратко по заклучок и препорака на Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство ќе донесе одлука.

Во моментов не можеме да прејудицираме каква одлука ќе биде донесена од страна на Владата или пак која би била препораката која се прави во консултација со стопанските комори, рече Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција на која објави дека над 19.000 компании досега аплицирале за мерката за финансиска поддршка за исплата на плати.

Прашан дали ќе се преземат мерки за нова поддршка за угостителите затоа што според истражувањето на туристичко угостителската комора, 95 проценти од угостителите не се задоволни од мерките, Бектеши потенцираше дека не знае од каде се извадени таквите податоци затоа што, вели тој, има голем интерес за владините мерки за помош на компаниите.

– Секако дека ќе се преземат. Не знам од каде се извадени овие податоци дека 95 проценти не се задоволни од мерките на Владата. Веќе ги кажав податоците, има голем интерес за мерките на Владата. Во Фондот за туризам веќе имаме финален драфт за поддршка на туризмот, угостителството и на транспортот како најпогодени сектори во моментов.Угостителската комора е информирана за сите програми. Очекуваме конкретни предлози и од нивна страна, а дополнително на тоа овозможивме посебно за овие сектори освен да добијат минимална плата, да ја комбинираат оваа мерка и со субвенционирање на придонеси, рече Бектеши.

Туристичко угостителската комора при Сојузот на стопански комори вчера објави резултати од истражување за состојбата со која се соочуваат угостителите во изминатиот период од почетокот на здравствено – економската криза, како и за мерките кои се преземаат од Владата за ублажување на последиците во секторот. 

По однос на тоа дали угостителите се подготвени да започнат со работа со половина од расположивите капацитети односно според најавата со скратено работно време и ограничен простор за работа, 59 проценти одговориле потврдно дека се подготвени,  додека 41 процент дека не се подготвени за делумно функционирање.

Во однос на економските мерки, на прашањето дали се задоволни од понудената мерка на Владата да даде поддршка, во висина од 9.000 денари или бруто плата од 14.500 денари, 95 проценти одговориле дека не се задоволни, а пет проценту дека се задоволни.

Воедно 70 проценти од угостителите одговориле дека очекуваат дополнителна финансиска поддршка од страна на Владата по започнување со работа, се дел од резултатите од истражувањето.

Next Post
Мурал посветен на здравствените работници -  Александар Наумоски и Ѓорѓе Јовановиќ

Сведоштво за едно време: Мурали во чест на првоборците во корона-војната

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk