ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сугарески: Во април ќе се судрат две визии

Кога на Татковината и се стемнува, нив да им светне. Единствените кои ликуваа што не добивме датум за преговори!

October 21, 2019 10:12
in ПОЛИТИКА, ИЗБОРИ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

– После негативниот исход од Европскиот Самит, единствено логично решение се предвремени избори. Различните политички концепти за иднината на земјата треба да бидат на тест пред граѓаните.
Во април ќе се судрат две визии за Татковината – истакнува министерот Сугарески.

„Едната, прочитаниот концепт на ВМРО ДПМНЕ која само декларативно се залага за ЕУ и НАТО а ниту еднаш во изминативе 28 години не повлече државнички потег, ниту еднаш не го жртвуваше политичкиот рејтинг за подобро утре. Тие кратковиди и себични политичари јалово се надеваат дека уште еднаш ќе го прелажат народот, кој не им заборава дека ја третираа земјата како нивен фамилијарен имот.
Нивната визија е ловење во матно.
Кога на Татковината и се стемнува, нив да им светне. Единствените кои ликуваа што не добивме датум за преговори!

Другата, нашата визија, на чие чело стои Зоран Заев, кој среде режим ги објави бомбите, кој е непосреден учесник и на “црниот понеделник” и жртва на “крвавиот четврток”, кој не калкулираше со својот личен рејтинг туку се нафати да ги решава најгорливите прашања со соседите, за да има сигурна иднина за сегашните и идни генерации. Точно е дека не сме безгрешни, но исто така е точно дека за 2 и пол години испорачавме тоа што претходниците не можеа за 10 години.

Стануваме 30-та членка на НАТО, никогаш не сме имале посилна поддршка од нашите меѓународни сојузници, инвестираме историски најмногу во инфраструктура, економијата заздравува, платите растат, воведуваме социјална правда, јавното здравство се модернизира, образованието се реструктуира, воспоставуваме неселективна правда, градиме едно општество за сите, едноставно се бориме за европските вредности.

Наша вистинска заложба се ЕУ и НАТО, како единствен вистински пат за нас. Знам, дека постојат и разочарани граѓани, уморни од чекање на кои им е преку глава од избори и препукување меѓу партиите. И тие сега велат, нема да гласаме. И нив ги разбирам во целост, со право се чувствуваат изневерени. Ќе беше фер да го истераме целиот мандат и да го исполниме до крај ветеното. Но, не секогаш работите зависат од нас.

Време е да ја провериме евроатланската перспектива пред народот. Граѓаните нека одлучат кој вистински се бори за сигурна иднина а кој сака само гола власт за да си го зголеми богаството. Драги пријатели, ова не се обични избори, ова е референдум за иднината на нашата земја! Наша обврска е заедно со граѓаните да се избориме да продолжиме да се движиме по стратешкиот колосек за Татковината!“, по повод извесните предвремени Парламентарни избори, напиша Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на својата Фејсбук страна.

Next Post

Пинера: Чиле е во војна против непријател подготвен да користи насилство без ограничувања

Shortcut

Најново

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk