Полицајци, специјални единици, политичари, димпломатски кор, полициски и оклопни возила собрани во полицискиот дом во Ѓорче Петров да го прослават 7.Maj – Денот на полицијата. Но, не за долго, објави Телма.
На една од показните вежби каде што специјалните сили со смислено сценарио демонстрираа како изгледа напад и одбрана од непријател. Една од димните бомби заврши на трибините каде што седеа дипломатите. Тие се разбегаа а непоканети се најдоа и гостите, а и новинарските екипи кои го следеа настанот.
На настанот беше презентиран и спотот за полицијата и сите оние кои се на првата борбена линија против корона вирусот.
Најгласни беа обвинувањата на СДСМ дека Чулев во време на пандемија непотребно троши пари и ги злоупотребува полицајците за да се промовира. Денеска за видеото искоментира и министерот кој кажа дека спотот чини не повеќе од 300 евра.
Минатиот месец Ердоган на сличен начин им се заблагодари на здравствените работници во Турција.