ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Милановиќ одговори на провокацијата на Орбан за картата на „голема Унгарија“

Учете историја, но гледајте во иднината, им порача Милановиќ на матурантите во Хрватска.

May 7, 2020 19:30
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ одговори на новата провокација на унгарскиот премиер Виктор Орбан по објавувањето на картата на „голема Унгарија“.

– По повод картата / глобус на која се гледа хипертрофирана Унгарија, инаку соседна и, во поновата историја, пријателска држава, која моментно е во тесна контрола на хроничните „картомани“, мојата порака за охрабрување до хрватските ученици пред матурирањето гласи: Хрватска е модерна европска земја и нација. Во нашите плакари и архиви  се наоѓаат бројни историски карти и мапи кои ја покажуваат нашата татковина многу поголема отколку што е денес. Плакарите на повеќето европски земји кријат слични содржини. Не ги „споделувајте“ и ставате на вашите профили. Тие не се актуелни или достижни денес и, уште поважно, тие бескрајно ги иритираат нашите соседи. Исто како што нè иритираат нас, но секојпат одново не изненадуваат „историските“ карти кои, како мрачен фетиш, практично и предвидливо излегуваат од страниците на некои „лидери“ во соседството, напиша Милановиќ на Фејсбук.

Тој оцени дека станува збор за провокација од оние, како што вели, „кои многу добро знаат дека тие карти и натаму остануваат само во плакарите“.

-Учете историја, но гледајте во иднината, им порача Милановиќ на матурантите во Хрватска.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, вчера преку својот Фејсбук профил, упати честитка до матурантите кои полагаат историја, проследена со картата на „голема Унгарија“. На таа карта, во границите на Унгарија е територија која зафаќа голем дел од Хрватска, сè до Риека и Далмација.

Орбан и во декември објави фотографија на „голема Унгарија“, кога претседателството на неговата партија Фидес одржа состанок пред големата карта на „историска Унгарија“.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ тогаш рече дека тоа не е првпат таа карта да се покажува на состаноците на Фидес, оценувајќи дека „хрватските граници се онаму каде што се“.

Во јуни минатата година, официјалната унгарска страница на Твитер на англиски јазик „About Hungary“ објави илустрација со која се сугерира дека по Прватска светска војна и Трианонскиот договор, на Унгарија и биле одземени две третини од територијата, меѓу кои и 63 илјади километри квадратни, кои се дел од денешните Хрватска, Словенија и Србија, односно Војводина. Словенија изрази осуда, додека Хрватска не реагираше.

Next Post

21: Димна бомба за гостите, земјава добро се справи со корона кризата, според Заев економијата е стабилна

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk