ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Општина Прилеп: Опозицијата наместо да ги поздрави градежните активности, се повикува на нивен промашен проект

Заради сите овие пропусти во изградбата, објектот во „Сточен пазар“ нема технички прием.

May 8, 2020 12:44
in Uncategorized, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска сме сведоци на уште еден во низата очајнички обиди на опозицијата, да го сврти вниманието на јавноста од секојдневните активности кои градоначалникот и локалната самоуправа на општина Прилеп, ги преземаат во насока на решавање на проблемите на граѓаните, реагираат од Општина Прилеп на прес конферецијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да смогнат сили и да ги поздрават градежните активности со кои ликот на Прилеп секојдневно се менува – асфалтирање на улиците во секоја населба во градот и населените места, реконструкција на булеварот „Гоце Делчев“, изградбата на локални и регионални патишта, опозициската ВМРО-ДПМНЕ се повикува на промашен проект од кој секоја одговорна власт и партија би се срамеле.

Таканаречното училиште во населбата „Сточен пазар“, претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ и екс градоначалникот Марјан Ристески го граделе среде поле и опкружено со насади од тутун, без струја, вода, канализација и дефиниран училишен двор, без пристапен пат, на само петнаесетина метри од неоградено речно корито, и за него потрошиле повеќе од 10.000.000 денари.

Објектот во „Сточен пазар“ претходната власт го остави без изградена и поврзана основна инфраструктура, не извршиле ниту атест за вградената ПП инсталација, не ја оградиле, осветлиле и партерно не ја уредиле градежната парцела, а не овозможиле ниту пристап за интервентни возила, како и колски пристап до парцелата.

Заради сите овие пропусти во изградбата, објектот во „Сточен пазар“ нема технички прием.

Ова е типичен пример, за градење на објекти надвор од законите и стандардите. Очигледно, во овој случај, тогашната локална власт се водела исклучиво од интересите на поединци, а не од потребите на граѓаните и учениците.

За разлика од ваквото неодговорно трошење на парите од општинската каса, денес локалната самоуправа и градоначалникот Јованоски водат грижа за секој потрошен денар од буџетот, а средствата се инвестираат исклучиво во проекти од интерес на граѓаните на општина Прилеп“, велат од Општина Прилеп.

 

 

Next Post

Мицкоски, иако негираше, сепак имал тесна соработка со Кичеец (Нови аудио бомби)

Shortcut

Најново

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk