ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пораст на бројот на заболени во Тетово, апели за одговорно однесување до МПЦ и ИВЗ

Со вчера објавените состојби од Институтот за јавно здравје, 12 новопотврдени случаи во Тетово и вкупна бројка од 108 дијагностицирани и 52 активни случаи, тој град е новото жариште во корона вирусот.

May 10, 2020 07:38
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на новозаболени од корона вирусот во државава повторно е во пораст. Вчера беа регистрирани 36 нови случаи, со што вкупниот број дијагностицирани од почетокот на епидемијата, досега достигна 1.622, а 419 се активни случаи.

Со вчера објавените состојби од Институтот за јавно здравје, 12 новопотврдени случаи во Тетово и вкупна бројка од 108 дијагностицирани и 52 активни случаи, тој град е новото жариште во корона вирусот.

Најголем број дијагностицирани има во Скопје – 538 и 131 активен случај, а потоа следат Куманово – 408 и 63 активни случаи, Прилеп – 173 и 65 активни случаи и Велес – 107 и 51 активен случај.

Вкупниот број оздравени во државава изнесува 1.112,  а починати cе 91. Досега во земјата се направени вкупно 18.821 тестирања на Ковид -19.

Новите позитивни случаи со Ковид-19 во тетовскиот регион вчера беа причина за итна координација на претставниците на Владата и здравствените институции во тетовската клиничка болница. Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, како главен координатор на кризните штабови на единиците на локалната самоуправа за одбрана од Ковид-19, истакна дека очигледно и покрај тоа што генералниот впечаток е дека состојбата е под конторла и дека трендот е позитивен, освен пикот, сепак констатиравме слабости и во делот на почитување на индивидуалните мерки од страна на граѓаните и комуникација со матични лекари и одговорот на матичните.

– Направивме план кој ќе биде презентиран пред кризен штаб на Владата со цел да го подобриме менаџирањето. Повик до граѓаните да ги почитуваат мерките бидејќи во ситуација кога спласнува пандемијата на ниво на државата може да создаде ситуација на лажна самодоверба дека ја поминавме состојбата да се опуштиме предвремено и наместо за кратко време навистина ја пребродиме оваа состојба, може да ни се врати поради таа лажна самодоверба дека завршивме работа, рече Османи.

Заменик министерот за здравство Арменд Арсални порача дека иако има поголем број нови заболени во Тетовско, нема простор за паника поради ниската инциденца.

Османи при посетата на Тетово истакна дека со раководството на Исламската верска заедница разговарале за спроведување на мерките за запштита на верниците по одлуката да се дозволи посета на џамиите за молитви од 12 мај.

-Тие одлуката ја имаат донесено врз основа на новите бројките што се во опаѓање и поради фактот дека некои земји во регионот и пошироко во светот носат одлуки да се отворат верските објекти. Разговаравме вчера за подготвување сет на мерки што треба да се имплементираат. Тие се спремни сите мерки кои ние ќе ги дадеме во смисла на одржување на доволна дистанца и одредени мерки за лична заштита, верниците да ги почитуваат при извршување на верските обреди, рече Османи.

На новинарско прашање дали државата може да донесе одлука да го забрани користењето на верските објекти како што тоа го направи со објектите во угостителството и туризмот, Османи одговори дека Уставот не го дозволувал тоа. -Ние имаме генерална одлука за спречување на собир и на групирање, уредба со законска сила но немаме уставно право да се мешаме во одлуките на верските заедници, истакна вицепремиерот Османи.

Премиерот Оливер Спасовски апелираше Исламската верска заедница да ја преспита својата одлука за отворање на верските објекти, а исто така и МПЦ да се однесува сериозно.

-Во однос на отворањето на џамиите односно носењето на  одлуката на ИВЗ јас го кажав мојот став за сите верски заедници  дека тие треба да ги почитуваат одлуките што ги носи Владата и нема организација дали е тоа верска, дали  е политичка, дали е поединец кој не треба да ги почитува  одлуките. Заради тоа што овие одлуки  не се од политичка причина, ова се одлуки што значат заштита на животот  и здравјето на граѓаните. Апелирам да си ја преиспитаат сопствената одлука  во делот на отворањето на верските објекти, меѓутоа исто така укажувам и МПЦ  да се однесува сериозно заради тоа што  направи низа на пропусти во изминатиот период, рече Спасовски./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Сообраќајот на патиштата се одвива по суви коловози

НАЈНОВО

Славески: Од утре плаќањата во евра стануваат поевтини и побрзи

October 6, 2025

„КРУГОВИ“ – Концерт на пијанистката Дуња Иванова

October 6, 2025

Солистички концерт на пијанистот Арда Мустафаоглу во КИЦ

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk