Во ИЗМИНАТИТЕ 24 часа направени се 145 тестирања, потврдени се 22 нови случаи на Kовид-19 и има 64 оздравени.
По ОБЈАВАТА на информацијата на А1он за скандалозната набавка на два телефони за Кабинетот на министерот Чулев, во износ од 173.980 денари, Фронтлајн побара потврда од Министерството за внатрешни работи. Одговор сѐ уште нема, како на ова прашање, така ни на низа други прашања кои се поставени во текот на изминатите денови. Овој текст е даден на објавување во 14:30 часот денеска.
ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ на СДСМ, Коста Петров: Од самата појава на корона вирусот во нашата земја, целите на Владата предводена од СДСМ беа јасни. Да се помогне на што повеќе граѓани, да зачуваме што повеќе работни места, да ги поддржиме компаниите на нашите сограѓани но и да ги поставиме темелите за рестарт на нашата економија кога ќе заврши кризата.
МИНИСТЕРОТ за здравство, Венко Филипче преку социјалната мрежа Твитер предупреди за лажни електронски пораки, овојпат како официјални содржини од Министерството за здравство. Министерство апелира граѓаните да не потпаѓаат под оваа манипулација.
FAKE NEWS: CIVIL – Со индигнација и остра осуда ги отфрламе инсинуациите, лагите, клеветите и скриениот говор на омразата во текстот „(АФЕРА) ДУВЛО ЗА ПРОПАГАНДА (2): Се претставува како невладин активист, а работи за СДСМ!“ објавен на порталот lider.com.mk на Љупче Златев на 9 мај 2020.
До KPAJOT на месец мај се очекува Јавното претпријатие „Лајка“ да почне да работи со полн капацитет, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
ЦЕНИТЕ на нафтените деривати од полноќ се зголемуваат за три и пол денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
САМОСТОЈНИОТ синдикат за здравство, фармација и социјална заштита апелира до граѓаните да се воздржат од организирање настани и верски манифестации.
ВРШИТЕЛОТ на должноста премиер на Косово, Албин Курти се наоѓа во самоизолација, поради тоа што имал контакт со владин службеник кој бил во тесен контакт со лице заразено од новиот корона вирус
Од ДЕНЕСКА во Србија почна нов бран на нормализирање на секојдневниот живот, се отворија градинките и продолжениот престој за учениците од основните училиште, шалтерите на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за регистри на деловни активности (АПР), како и судовите.
Во СЛОВЕНИЈА повторно е воспоставен јавниот превоз, а граѓаните ги почитуваат сите препораки на здравствените работници со цел да можат да ги користат автобусите и возовите.
Во ЗЕМЈИТЕ низ Европа се олеснуваат рестриктивните мерки воведени поради корона вирусот, со надеж дека тоа нема да доведе до втор бран на зараза.
ЛОНДОН и Брисел денеска ги продолжуваат преговорите за меѓусебните односи по Брегзит, откако во првите две рунди од преговорите не беше постигнат голем напредок и во време кога вниманието е насочено кон пандемијата на коронарен вирус.
А. Н. Стојчевски