Капиталните проекти во Битола и Пелагонија се работат со силно темпо, вели министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Сугарески денеска заедно со градоначалничката на Битола извршија увид во изградбата и реконструкцијата на канализациона и водоводна мрежа на неколку улици во Битола, инвестиција вредна повеќе од 1 милон евра.
„Годинава започнувме со рехабилитација на патот кон Демир Хисар и патот кон Меџитлија и други помали патишта. Гасоводот е во завршна фаза така да имаме силна градежна сезона во регионот.
Продолжуваме.“, потенцира Сугарески.
Министерот истакна дека во тек е и поставувањето на заштитната ограда на обиколницата на Битола и дека и покрај кризата со пандемијата интензивно се работи во подобрување на инфраструктурата во битолскиот регион.
Ј. Ѓ.