КОМИСИЈАТА за заразни болести според анализа денеска, смета дека веќе има услови делумно да се олеснат мерките во одредени сегменти и тој предлог на Комисијата утре ќе се разгледа на седница на Влада доколку до утре драматично не се влоши состојбата, изјави Османи за ТВ24.
МАНЧЕВСКИ за ТВ 24: Здравството ги следи кластерите и затоа избори се можни. Комисијата за заразни болести знаат точно кои кластери се активни и затоа фокусот е кон тие места.
ВО СРЕДИНАТА на јуни имаме шанса да се организират фер и демократски избори, во услови на намалување на интензитетот на вируост.“, истакна министерот за информатичко оштество и администрација Дамјан Манчевски.
БЕЗ ФИЛТЕР: Кој тоа (не) бара избори? – видео колумна на Џабир Дерала. Во пресрет на големата одлука за датум за предвремени парламентарни избори, да потсетиме, кој тоа бара избори, а постојано ги одложува…
АХА! од Рибаро – Мицко во очај, Јанушев го згрешиле фолдерот со снимени разговори.
СТО респиратори од Кина што неодамна ги набавил кризниот штаб на Федерацијата Босна и Херцеговина за болници во ентитетот се неупотребливи и нема да се користат на одделенија за интензивна нега на тешки пациенти со коронавирус, потврди обвинителството на БиХ.
НАПНАТО пред српското Собрание, полицијата ги раздвојува подржувачите на СНС и Двери. На платото пред срспкото собрание, вечерва се собраа околу 400 подржувачи на владеачата Срспка напредна странка и помала група на подржувачи на лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ.
ИТАЛИЈАНСКАТА Влада ќе понуди субвенционирање на 70 проценти или до 500 евра за набавка на нов велосипед или електричен скутер.
РЕАЛНО, како партија на власт, ни одговараат избори што порано, но не прејудицираме кога да се одржат, изјави вицепремиерот Бујар Османи.
Ј. Ѓорѓиоски