Електронското гласаење на изборите, но и продолжување на часот за гласање на изборниот ден се добри за разгледување, доколку и опозицијата се согласи за тавиот начин на избори, порача вечерва лидерот на СДСМ Зоран Заев на Телма.
-Кога би можеле електронски да ги спроведеме изборите тоа би било одлично, но пред се треба опозицијата да се сложи со таков модел на гласање. Во земјите кои се гласа на ваков начин, прво се усогласува со закон, а опозицијата потврдува дека власта и државните органи кои ги спроиведуваат изборите тоа го направиле доволно безбедно, сигурно и фер за сите партиципиенти на изборите, истакна Заев во интервју за Телма.
Тој рече дека се согласува и со идеата за продолжување на избирачкиот ден во однос на саатницата кога се гласа.
-Точно е дека на досегашните избори гласањето беше од 7 до 19 часот. Но имајќи в предвид дека сега збориме за избори во јуни, а тоа гледано календарски од 21 јуни е лето. Никој неможе да каже зошто не од 6 наместо од 7 часот и зошто не до 22 вечерта или до 21. Ако биде до 22 ќе имаме три часа навечер и еден наутро, што ќе се добијат четири часа простор на спроведување на гласачите, појасни лидерот на владејачката партија.
Тој нагласи дека покрај гласачите и избирачкиот одбор треба да биде заштитен и дека очекува за тоа да се изјасни Комисијата за здравство како би се спровело сето тоа.