Сопругата на претседателот на државата, Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска која неуморно е ангажирана во хуманитарни акции заедно со тимот до канцеларијата МладиХаб, продолжуваат со активностите за помош на семејства на кои тоа им е најпотребно.
Ѓоргиевска се заблагодари за досегашните донации и на сите учесници во акциите, но и нагласи дека сѐ уште има простор за донирање, па секој заинтересиран може да се обрати во канцеларијата на ПРСМ, која се наоѓа во строгиот центар на Скопје, на Рекорд.
Никогаш не треба да се сомневаме во хуманоста на луѓето!
За три недели, колку што трае хуманитарната акција во МладиХаб, околу илјада пакети со храна и средства за хигиена веќе стигнаа до семејствата од сите краеви на нашата земја, на кои им требаше помош. Донираа повеќе компании, дипломатски претставништва и поединци.
Но, тоа не е само помош за семејствата, туку им праќаме и добра мисла, оптимизам и уверување дека не се сами во оваа тешка ситуација.
Им благодариме од срце на сите кои придонесоа да се озарат многу детски лица и хуманоста да добие широка насмевка.
Акцијата продолжува.
Можете да донирате секој понеделник, среда и петок од 10-13 часот во МладиХаб Канцеларијата на ПРСМ, напиша Ѓоргиевска во пост на Фејсбук.
А. Н. С.