ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Државната гаранција ќе им помогне на компаниите во посткризниот период

Министерката за финансии Нина Ангеловска појасни тоа значи дека државна гаранција со покриеност од околу 50 проценти во Македонската развојна банка би требало да има почетен капитал од 10 милиони евра со коишто би се когарантирал износ од над 65 милиони евра.

May 17, 2020 15:22
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Целта на државната гаранција за стартап и мали претпријатија, како мерка од вториот столб, е да го олесни пристапот до финансиски средства на приватниот сектор со што компаниите би имале можност да го поделат ризикот односно државата да преземе дел од него.

Министерката за финансии Нина Ангеловска појасни тоа значи дека државна гаранција со покриеност од околу 50 проценти во Македонската развојна банка би требало да има почетен капитал од 10 милиони евра со коишто би се когарантирал износ од над 65 милиони евра.

Целта е компаните кои потешко би дошле до средства, до кредити што ќе им бидат потребни  во периодот  по коронакризата, државата да преземе дел од ризикот за тие полесно  да може да дојдат до средствата потребни за зголемување на  конкурентноста и за инвестиции за подобрување на ликвидноста.

Ваквата државна гаранција ја воспоставиле најголем дел од европските земји, а во овој посткризен период на заздравување на економиите веќе ја воспоставуваат и околните земји, како Србија и Албанија.

-Токму затоа во планот е предвидено таа да биде во септември-октомври, бидејќи во периодот кој ни претстои за неа треба да се направи анализа, да се проценат капацитетите, да се пристапи кон регулаторни промени. Бидејќи сегашниот наш Закон за јавен долг  вели дека државата не гарантира на приватен сектор, а целта е оваа мерка  да поомогне  во посткризниот или периодот  на закрепнување на приватниот сектор, рече министерката Ангеловска одговарајќи на прашање по прес-конференцијата посветена на третиот пакет економски мерки.

Во однос на поддршката на приватниот сектор, рече, во вториот столб се издвоени дополнителни 25 милиони евра со ребалансот на КОВИД-програмата на Владата и тие ќе бидат наменети за  државната гаранција.

-Значи, таа се однесува и за мали и за средни компании, за сите компании  на коишто ќе им бидат потребни средства  за зголемување на конкуретноста, да ги  обноват врските со пазарите коишто  можеби ги изгубиле, рече Ангеловска, додавајќи дека е важно што преку овој пакет Владата покажала дека мисли на сите и има јасно определени цели да му помогне и на приватниот сектор.

Next Post

Жбогар: Идните членки треба да го следат примерот на ЕУ за еднаквост на ЛГБТИ лицата

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk