ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

12: На Градиште се гради без дозвола, усвоен третиот сет мерки, дополнителни 20% за здравствените работници…

Блок вести на пладне.

May 18, 2020 12:01
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Фото: Фејсбук, Филип Танески

Фото: Фејсбук, Филип Танески

Share on FacebookShare on Twitter

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Владата, Оливер Спасовски, на прес конференција ги истакна деталите околу третиот столб од новиот сет економски мерки, со кој се предвидува поголема поддршка за земјоделието, субвенционирање на зелена нафта, јавни приватни партнерства за преработувачите на грозје и мерки за модернизација на земјоделството.

МИНИСТЕРОТ Филипче се заблагодари на сите здравствени работници во борбата со епидемијата од Ковид-19 и најави дека секој од нив ќе добие дополнителни 20% од основната плата.

ВЛАДАТА на Република Северна Македонија на денешната 54-та седница го разгледа и усвои третиот пакет економски мерки за заживување на македонската економија преку директна поддршка на граѓаните и на стопанството во услови на Ковид-19.

ЦАРОВСКА: Владата ќе подготви законска рамка или уредби за континуирано спроведување на сите нови мерки од третиот сет, од кои дел ќе почнат да се имплементираат од јуни, најави денеска вицепремиерката задолжена за економски прашања и за координација на економските ресори.

РОЧИШТАТА за предметот „Рекет”, закажани за 19 и 20 мај се одлoжуваат за 25 и 26 мај, соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје.

ВИКЕНДОВ во Охрид повторно се актуелизира темата за градежни активности што се изведуваат до самиот брег на Охридското езеро, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од ѕидот што се гради на една од плажите на авто-кампот „Градиште“. Ова предизвикаа голем револт кај жителите на Охрид, кои бараат одговорност за ваквата постапка.

ЛИЦЕ од тимот на обезбедувањето на претседателот Стево Пендаровски, е позитивно на Ковид-19. Пендаровски и членовите на неговото семејство се оценети како контакти од втора линија, за кои според епидемиолошкиот протокол не се препорачува изолација.

ДОНЕСЕНА е нова Уредба со законска сила за примена на Законот за странци за време на вонредна состојба, како и за периодот по престанокот на вонредната состојба.

Во ТЕКОТ на изминатото деноноќие, евидентирано е дека на ниво на целата држава 77 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 58 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

ПОДНЕСУВАЊЕТО на барањата за субвенции за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко нема да го вршат сточарите, туку Платежната агенција податоците ќе ги презема директно од регистрираните откупувачи на сурово млеко, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Во СЛОВЕНИЈА денеска децата се вратија во градинките, а дел од учениците почнаа со настава, а од утрово се отворени и внатрешните делови на рестораните и кафулињата.

Во ЖЕНЕВА денеска ќе се одржи 73-то Генерално собрание на Светската здравствена организација, а главна тема ќе биде пандемијата Ковид-19.

ПОВЕЌЕ од 100 земји го поддржаа повикот на Австралија да се спроведе независна истрага за потеклото на Ковид-19, изјави денеска австралиската министерка за внатрешни работи, Мариса Пејн.

 

А. Н. С.

Next Post
Прилеп Фото: Фронтлајн

Во Прилеп денеска нема новозаболени од Ковид-19

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk