ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Очекуваме на лидерската средба на прво место да биде интересот на граѓаните и да се одреди датум за избори

Важно е избори да се одржат во првиот можен рок. За да го зачуваме здравјето на граѓаните, и да не ги изложиме граѓаните од нов здравствен ризик наесен, кога се очекува нов бран од вирусот.

May 18, 2020 12:52
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на најавената лидерска средба денес кај претседателот Пендаровски, на која треба да се донесе одлука за датум за предвремените избори чиј процес беше стопиран со прогласувањето на вонредната состојба заради корона кризата, СДСМ излезе со соопштение за очекуваниот исход од средбата и нагласија дека пред сѐ е грижата за здравјето на граѓаните.

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Од здравствен, од економски и демократски апсект одговорно е парламентарните избори да се одржат во првиот можен рок. Веднаш штом условите го дозволуваат тоа, согласно препораките на здравствените институции.

Очекуваме дека денеска, на средбата кај претседателот Стево Пендаровски, претседателите на партиите на прво место ќе го стават интересот на граѓаните и државата.

Да нема неодговорност, да нема бегање, граѓаните да се стават на прво место. Само на тој начин може да се постигне договор за конкретен датум за одржување на изборите кои беа одложени заради здравствената криза.

СДСМ има три приоритети тоа се: заштита на здравјето на граѓаните, брза трансформација на економијата и целосно функционални институции, како гарант на демократијата.

Важно е избори да се одржат во првиот можен рок. За да го зачуваме здравјето на граѓаните, и да не ги изложиме граѓаните од нов здравствен ризик наесен, кога се очекува нов бран од вирусот.

Светската здравстена организација денеска предупредува токму на тоа. Затоа треба да се оди на избори кога условите најмногу ги дозволуваат, секако со целосен протокол за заштита на граѓаните.

Дополнително, економијата која е во фаза на трансформација и рестартирање да не ја запреме со изборен процес наесен.

Да обезбедиме институции со полн легитимитет кои ќе придонесат за брза трансформација на македонската економија.

Создадени се услови за одржување на избори во втората половина на јуни, што е потврдено и од здравствените власти, но и од позитивниот одговор на ОБСЕ/ОДИХР дека се подготвени да продолжат со набљудувачката мисија.

СДСМ нема да дозволи никој, ниту пак еден неодговорен политичар како Мицкоски, да ги попречи демократските процеси и вештачки да создаде криза.

Избори треба да има поради здравјето на граѓаните, поради трансформација на нова економија, поради институции со полн легитимитет кои треба да им служат на граѓаните во оваа држава, се вели во соопштението од партијата.

Next Post

Банките никогаш немале поголем простор за намалување на каматите на кредитите

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk