ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

12: Нови 22 заболени од корона вирус, досега направени вкупно 22.255 тестирања, поддршка за портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска поради говор на омраза и клевети

Пладневни блок вести.

May 19, 2020 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Николовски за „Утрински брифинг“: Нема да дозволиме неодговорното однесување на Мицкоски да ја втурне државата во нова криза. Единствена можност да се одржат изборите е 22 дена после завршување на вонредната состојба, а препораките од сите институции од кои Мицкоски бараше став за да има храброст да излезе на избори, ОБСЕ, Комисијата за заразни болести, ДИК ги доби вчера и со тоа сите сите аргументи му се избиени“, оцени Николовски.

Денес 50 оздравени од корона вирус и 22 нови позитивни.

Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-3, Струга-1, Велес-4, Свети Николе-1 и Гостивар-1. Досега во земјата се направени вкупно 22.255 тестирања на ковид-19.

Д-р Митов: Не сакам ни да помислам дека треба да ни се случи Италија или Шпанија за сериозно да ја сфатиме пандемијата.

СДСМ: Третиот пакет мерки дава поддршка на 730.000 корисници, обезбедува нов развој и ја стимулира економијата.

Третиот пакет економски мерки ќе ги заживее домашните економски дејности, ќе ги трансформира и модернизира со цел да се создадат услови за динамичен раст и нова развојна македонска економија. Новите економски мерки се системски решенија и нудат директна финансиска поддршка за зголемување на потрошувачката, поддршка на стопанството, земјоделството и туризмот, но и награда за најизложените здравствени работници во знак на благодарност за нивната работа, велат од СДСМ.

Поддршка за портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, мета на говор на омраза и клевети.

Еден од многуте примери на тоа што може да ѝ се случи на една жена која има јавна професија и професионално си ја извршува работата: навреди за неа и нејзините блиски, ејџизам, клевети, коментари за нејзиниот љубовен живот и закани во приватни пораки.

Приведени 46-мина кои не ја почитувале забраната за движење. За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 96 лица им се издадени решенија за изолација, а 65 лица потпишале изјави за самоизолација.

Ексклузивни изданија од Петре М. Андреевски илустрирани од неговата внука Воскресија Андреевска.

Главната причина што го прави посебно ова повторно враќање на Петре М. Андреевски и што им удира печат на ексклузивноста на овие нови изданија, велат од издавачката куќа, е визуелното „читање“ на неговите творби од страна на неговата внука, Воскресија Андреевска. Нејзиниот образуван уметнички потег, додаваат, има двојна цел: емотивно и естетско возбудување на поетските и прозните атоми од кои е изградена поетиката на Петре М. Андреевски кај неговата најнова генерација почитувачи и следбеници, што ова реобјавување има намера да го поттикне.

Четиридневен полициски час во Турција за престојниот рамазански викенд. Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека на територијата на целата земја од 23 мај ќе биде воведен четиридневен полициски час, за време на претстојниот празник Рамазан Бајрам, стои во текст на Слободен Печат.

Насилни протести во Чиле поради недостиг на храна.

Владата на премиерот Себастијан Пињера во петокот прогласи карантин за сите жители на главниот град, каде што се концентрирани 80 проценти од заразените со корона вирус. Но, економската активност во земјата е забавена со месеци, а најпогодени се трговијата, градежништвото и разните услужни сектори.

И.Т.З.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Бектеши: Нов инвестициски циклус во обновливи извори на енергија, го стабилизиравме растот на цената на струја

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Француската опозиција бара предвремени избори

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025

Зеленски: Русија и покрај санкциите продолжува да купува странски компоненти за дронови и ракети од САД, Кина, ЕУ и Азија

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk