НА МИЦКОСКИ му е неопходна политичка криза за да ја продолжи сопствената политичка кариера, вели Андреј Жерновски во пост на Фејсбук.
СДСМ: Сите аргументи на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се поразени, по сила на закон изборите треба да се одржат на 21 јуни.
САМОСТОЈНИОТ синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), најблаго кажано, е згрозен од нападите, навредите и клеветите изнесени на порталот „ДоказМ.мк“ кон нашата колешка Мирослава Бурнс.
ОД ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА на министерот Филипче:
- Комисијата за заразни болести утре ќе расправа за траењето на полицискиот час за време на викендот и празниците во понеделник, како и за отворањето на угостителските објекти.
- Се работи на протоколот за згрижување на децата во градинките и оти разменуваат детали Комисијата за заразни болести и тимот од Министерството за труд и социјална политика.
- Со грчкиот колега разговаравме за неколку опции што треба да ги дефинираме за отворање на границите. Денеска официјално го испративме писмото, врз основа на заклучоците од нашиот состанок, во кое чекаме грчкиот колега повратно да ни одговори на дефинитивниот став за тоа како ќе се минуваат границите, односно дали тоа ќе може да биде без тестови.
- Започнуваме голема инвестиција во здравствениот систем и ги зајакнуваме одделенијата за интензивна нега ширум земјата. Се подготвуваме за новиот бран на вирусот наесен и ќе го пречекаме поподготвени за да го заштитиме здравјето за граѓаните, истакна министерот за здравство Венко Филипче.
ЗДУЖЕНИЕТО на новинарите на Македонија го осудува етикетирањето на претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети кон новинарот на онлајн медиумот „In7.tv“, Албрим Хоџа.
ГОСТИВАРСКАТА локална самоуправа започна со подготовките за отворање на градинките. Според градоначалникот Арбен Таравари, првиот чекор е скринингот на вработените во градинките и центрите за ран детски развој.
ТОЧНО е тоа дека Агенцијата за управување со одземен имот донира возила, Фејсбук пост на директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Фатон Асани.
Ј. Ѓорѓиоски