По двомесечното неработење на угостителските објекти поради пандемијата со Ковид-19 и најавите на Владата за можноста за нивно отворање, угостителите конечно почнаа со припремите за отворање на своите објекти.
Тимот на ФРОНТЛАЈН направи прошетка низ центарот на Скопје, и фати мал дел од припремите и празните тераси кои најубаво ги отсликуваат последиците од корона вирусот врз социјалниот живот на нашите граѓани.
Угостителството е една од гранките кои беа најтешко погодени од кризата поради пандемијата на Ковид-19.
Тим Фронтлајн