Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во гостување на Тв24 истакна и дека случајот со непочитувањето на полициски час и забраните од страна на Христијан Мицкоски сѐ уште е отворен.
Нема да го коментирам делот со отсјајот бидејќи предизвика сериозна критика во јавноста затоа што со тоа се фрли една сенка на професионалното работење, но нејсе.
Извештајот е сѐ уште отворен за случајот „Теретана“ затоа што сомнежите кои беа пласирани на порталите беа дека г. Мицкоски бил во теретана во време кога согласно мерките за заштита од Ковид-19 е забрането, и дека настрана од тоа што бил во текот на полицискиот час, бил и во време кога е забрането теретаните и таков тип на активности да работат. Министерот се обиде да го одбрани, меѓутоа таа постапка е сѐ уште отворена бидејќи се вештачат хард дисковите од видео снимките, вели Петровска.







